Преставник од наставниот кадар на СУГС Кочо Рацин учествуваше на меѓународниот симпозиум „Медиумската писменост во добата на вештачката интелигенција: проширување на границите на возможното“, кој се организира во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Целта на симпозиумот беше подобрување на конвергенцијата помеѓу дигиталната писменост и вештачката интелегенција во насока на развивање вештини кај младите, за критичко оценување на медиумските содржини, поттикнувајќи позитивни промени во општеството.