Skip to content

ИНТЕРЕН ОГЛАС За запишување ученици во прва година за учебната 2024/2025 година

     Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2023/2024 година, објавен од Министерство за образование и наука Училишната комисија за запишување на ученици во учебната 2024/2025 година на Средното училиште на Град Скопје “Кочо Рацин” – Скопје на 26.06.2024 година го објави следниот оглас :

                                                И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

                            

                                 За запишување ученици во прва година

                                          за учебната 2024/2025 година

 

  1. Слободни места за запишување ученици во прва година второ пријавување:

Гимназиско образование – 129 ученици, 4 паралелки, 60 минимум поени

                                                 Мак         121 уч. 4 пар.

Текстилно – кожарска струка – 39 ученици, 2 паралелка

  • техничар за изработка на облека/ техничар за дизајн на облека мак.12 уч. 1 пар.4 г.тр. 40 минимум поени (соработка со компании)
  • конфекционер мак.27 уч. 1 пар. 3 г. тр. 30 минимум поени

Економско правна и трговска струка – 6 ученици, 1 паралелка

  • економски техничар/ e-трговија и дигитален маркетинг/ бизнис администратор мак.15 уч. 1 пар. 4г.тр. 60 минимум поени (соработка со компании)

               (Наставата се изведува на македонски јазик и кирилиско писмо).

  • УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
  • да имаат завршено основно образование;
  • да не се постари од 17 години;
  • да се определиле за план и програма за гимназиско образование,

текстилно – кожарска струка и Економско правна и трговска струка.

  • да ги исполнувааат критериумите утврдени со овој Оглас.
  • Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот каде што тие живеат.
  • ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
  • пријава за запишување

(пријава за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое се запишува и истата е бесплатна);

  • оргинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, билогија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје
  • Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
  1. КОНКУРСНИ РОКОВИ
  • Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок, со две пријавувања во месец јуни.
  • Второто електронско пријавување и запишувањето на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2024 година од 07:00 до 15:00 часот и на 02 јули од 07:00 до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето
  • Конечната ранг листа за секое училиште со резултати од запишувањето и слободните места ке се објават на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09:00 часот на огласната табла на училиштето или на училишната интернет страница.
  • Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира во училиштето на 5 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 5 јули 2024 година на огласната табла на училиштето.
  • . Проверката на знаењата на учениците од заедницата ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

 

  • Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на годината, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата кои има слободни места после уписниот рок со двете пријавувања. Пријавување на ученици ќе се врши на 21 август од 00:00 часот до 15:00 часот електронски.
  • Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 21 август 2024 година од 07:00 до 17:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
  • Конечната ранг листа за секое училиште со резултати од запишувањето и слободните места ке се објават на 22 август 2024 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето.
  • Против одлуката за упис учениците и нивните родители (старатели), во рок од 24 часа од соопштувањето на резултатите, можат да поднесат приговор до Училишниот одбор кој по приговорот решава во рок од 3 дена од приемот на приговорот.
  • Решението по приговорот е конечно.
  1. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
  • среден успех на ученикот од VI до IX оделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четри предмети (мајчин јазик, странски јазик, како задолжителни и математика и историја, значајни за гимназиското образование, за текстилно кожарска струка – хемија и математика и за Економско правна и трговска струка – математика и историја).
  • дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија, историја и географија и наставни предмети што се од значење за струката, односно изборното подрачје).
  • Средна вредност од поени добиени за поведение.
  • За гимназиско образование (природно – математичко подрачје), ученикот избира две комбинации под А и Б.
  • средна вредност од поени добиени за поведение.
  • Во средното образование за учениците со посебни образовани потреби се вклучуваат учениците според видот и степенот на попреченост.
  • Учениците од ромската етничка заедница може да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно конкурсот за соодветни наставни планови и програми и ако ги задолволуваат дополнителните критериуми за испит и знаење и вештини во соодветното училиште.
  • За средниот успех од VI до IX оделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто оделение се собира, се дели на четри и истиот број се множи со коефициент 10).
  • За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжотелни за сите видови образование – мајчин јазик и странски јазик и двата предмети што се значајни за струката) ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
  • За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). Ученикот може да добие најмногу 5 поени. На уеникот му се вреднува само една диплома која носи најмогу поени.
  • За средна вредност од поените за поведние од VI до IX оделение уеникот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведени со 3 поени и незадоволително поведение со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведение од шесто, седмо, осмо и деветто оделение поделен со 4.)
  • Ученикот по сите критериуми со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
  • Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.
  • Минималниот број поени со кои кандидатите ќе можат да конкурираат за запишување во Средно училиште на Град Скопје “Кочо Рацин” Скопје е:
  • Гимназиско образование 60 минимум поени
  • Техничар за изработка на облека/ техничар за дизајн на облека 40 мимимум поени
  • конфекционер 30 минимум поени
  • економска-правна и трговска струка 60 минимум поени
  • за второ пријавување.
  • Училиштата по првото пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка.
  • За учениците кои завршиле деветто оделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три оделенија (VI или VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие оделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици.
  • За учениците државјани на Република Северна Македонија, кои основното образование го завршиле во странство се запишуваат под исти услови и критериуми и истите треба да достават Решение за нострификација на образованието стекнато во странство.
  1. ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
  • Изборот и запишувањето на учениците се врши според план и програма за кој ученикот се определил врз основа на ранг листа изготвена според вкупниот број поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат.
  • Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор на учениците.

                                   СЕ ПРЕПОРАЧУВА

  • Документите да не се праќаат по пошта;
  • Учениците кои што го завршиле основнто образование во странство да достават нострифицирани документ за државјанство;
  • Пријавувањето да се врши лично од ученикот или родителот (стрателот);
  • При пријавувањето задолжително да се забележи вториот странски јазик што ученикот сака да го изучува.

 

 

                                                                ЗНАЧАЈНО

  • Некомплетните или неисправни документи нема да се примаат.
  • Документите на кандидатите коишто не ќе бидат примени, да се подигнат лично, најдоцна наредниот ден по објавувањето на ранг листата. Доколку документите не се подигнат кандидатите во рок од 3 дена, училиштето е должно истите да ги врати по пошта (препорачано).

 

 

                                                                                                      Училишна комисија

                                                                                                            Претседател

                                                                                                      Тања Барјактарова

                                                                                             

                                                                                                     ___________________

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email