
Главни предизвици со кои се соочува локалната самоуправа се политичкото мешање во нивната работа и обиди за влијание врз независноста и интегритетот на локалните институции од страна на централната власт, но и ограничените финансиски ресурси и капацитети. Во заклучоците воедно акцентирани се и забелешките за еднаквост и правичност, оваа година има значителен пад на статусот на жената во локалната власт, а младите девојки и жени се обесхрабрени да учествуваат знаејќи дека немаат системска поддршка и заштита од родово базирано насилство, што се рефлектира и преку големиот пад на процентот на жени градоначалници низ Европа. Поради говорот на омраза, сајбер насилство, закани и континуираната загриженост за личната безбедност, бројот на жени градоначалници во Европа падна од 25 на 16%, во земјите од Југоисточна Европа на 8,3%, додека во Македонија на рекодно најниско за Европа на 2%.