Во рамките на воннаставни активности во училиштето, Ликовниот клуб има за цел развивање на естетски вредности кај учениците како и поттикнување на интерес и љубов кон ликовната – визуелната уметност и култура, која во современиот начин на живот игра многу значајна улога.
Преку разновидни активности на клубот учениците имаат можност да: развиваат и прошируваат знаења и вештини од ликовната (визуелната) уметност, како и техники на цртање, сликање, графика, вајарство, фотографија, дизајн…
Равиваат креативни способности, креативно мислење и изразување преку создавање на индивидуални и групни творби, учества во проекти и сите други видови на уметнички изразувања.
Многубројни учества, реализирани проекти, остварени соработки како и добиени награди, кај учениците создаваат богата основа за понатамошни професионални ориентации.
– Посета на културни институции, музеи, галерии, изложбени салони, културни манифестации;
– Континуирана соработка и учества во проекти, ликовни – едукативни работилници организирани со музеи: Музеј на Современата уметност – Скопје, Национална Галерија на Р.С. Македонија Даут Пашин Амам, Мала Станица; Музеј на Град Скопје, Музеј на Р.С. Македонија и др.