CITIUS, FORTIUS, ALTIUS – Побрзо, посилно, повисоко (девиза на Олимписките игри)
EXERCENDO CORPUS FIRMAMUS – Со вежбање го јакнеме телото
MENS SANA IN CORPORE SANO – Здрав дух во здраво тело.
Спортските активности се особено важни за правилен психофизички развој на учениците. За таа цел се организираат бројни рекреативни спортски игри во кои земаат учество речиси сите ученици од училиштето.
Во зависност од условите и покажаниот интерес на учениците, училиштето организира интерни натпревари, со цел да се поттикне натпреварувачки дух, да се детектираат и мотивираат талентираните ученици-спортисти за понатамошно професионално ориентирање и усовршување во одредени спортски дисциплини.
Училиштето активно учествува на локални, регионални и државни натпревари во следните лиги: ракомет (машки, женски); фудбал (машки, женски); кошарка (машки, женски); атлетика; пинг-понг и шах на државно ниво, Велигденски крос, традиционална ноќна атлетска трка низ улиците на Скопје, средноучилишен атлетски крос во Скопје, средноучилишно градско првенство во атлетика и учство на Скопскиот маратон, Детски семафор ( безбедност во сообраќајот ).
Учениците од ова училиште со генерации наназад освојуваат видни места на сите организирани спортски натпревари и училиштето го закитуваат со бројни трофеи, дипломи, плакети и пофалници.
Воедно,СУГС Кочо Рацин, низ 60 годишната традиција учество во речиси сите училишни спортски натпревари во Градот и Државата, стана познато како расадник на спортски таленти, особено по огромниот европски успех на ракометниот клуб Кометал-Ѓорче Петров во кој членуваа ученици токму од ова училиште.