Научно-истражувачки екскурзии
Во плановите за реализација на воспитно – образовниот процес, училиштето предвидува наставно – научни екскурзии, чија цел е практично усвојување на знаења од културата и општеството на народите, во земјата и пошироко. Во таа смисла, наставно – научните екскурзии одат во прилог на збогатување на стекнатите сознанија од различни области, поттикнување на критичкото мислење, но и развивање повисок степен на социјализација кај учениците.