КОДЕКС за однесување на учениците
Учениците во училиштето стекнуваат знаења, умеења, вештини и се формираат како личности со позитивен однос кон самите себеси, кон другите, кон работата и кон природата.
- Ученикот е должен навреме и редовно да доаѓа на настава;
- Учениците во училиштето треба да бидат пристојно облечени и да се грижат за својата лична хигиена и надворешен изглед;
- Учениците за време на малиот одмор по 4-от час да не излегуваат надвор од училишниот двор за да не доцнат на наставата;
- Ученикот е должен да се грижи за редот, дисциплината и хигиената во училиштето и надвор од него;
- Во училиштето ученикот треба да биде совесен, одговорен, со должно почитување кон сите;
- На часовите ученикот треба внимателно да слуша и навреме и целосно да ги извршува училишните обврски;
- Да придонесе за одржување на работната атмосфера;
- Ученикот е должен редовно да носи училиштен прибор, учебници и тетратки;
- Да соработува со наставниците, стручната служба и другите субјекти во училиштето;
- Да покаже почитување и толеранција кон другарите и наставниците;
- Да помага на помалку успешните ученици;
- Ученикот не смее самоволно и без одобрение да го напушти часот;
- Учениците не смеат да користат мобилни телефони за времe на часовите;
- Учениците не треба да носат вредни предмети и повеќе пари, а доколку им се загубат или оштетат, одговорноста е нивна;
- Учениците се должни да ги поздравуваат сите наставници во училиштето на пристоен начин;
- Кога наставникот зборува не го прекинувај;
- Обраќај се со ВИЕ на возрасните;
- Ученикот да не користи вулгарни зборови додека комуницира;
- Да се почитуваат интерните правила договорени со наставникот;
- Учениците да не носат предмети со кои би можеле да ги повредат другите;
- Ученикот да биди толерантен во комуникацијата, да не се предизвика конфликтна ситуација;
- Учениците не смеат да шкртаат по ѕидовите и инвентарот во училиштето;
- Ученикот да не приговара на опомените на дежурните наставници;
- Учениците се должни да го почитуваат училишното ѕвоно;
- Учениците не смеат да ги навредуваат и да се однесуваат насилно кон помалите и послабите ученици;
- Учениците пристојно и трпеливо да чекаат пред училницата или кабинетот пред да започне часот;
- Ученикот не смее да врши психичко и физичко малтретирање на другите учениците и вработените во училиштето;
- Дежурството го изведуваат двајца ученици;
- Дежурниот ученик се оддалечува од дежурното место само ако добие задача од наставник, стручната служба или директор;
- Дежурниот ученик не смее да собира други ученици на местото за дежурство, ниту пак самите дежурни да се групираат заради дружење за време на часовите;
- Дежурниот ученик мора да отиде на час доколку прави писмена работа, тест или ако треба да одговара по некој предмет, но претходно да се јави кај организаторот на настава;
- Ученикот по добивањето на распоред не смее самоволно да влегува во наставничката канцеларија и да го проверува распоредот, освен доколку не е пратен од предметен наставник да го направи тоа;
- Доколку насети опасност или поголемо нарушување на дисциплината во ходниците, дежурниот ученик мора веднаш да го информира шефот на смена или било кој вработен во училиштето што му е најблиску;
- Дежурниот ученик, повремено да се движи низ ходниците и да врши проверка;
- Да го следи и евидентира влегувањето и излегувањето на лица кои не се вработени во училиштето;
- Да ги евидентира учениците кои постојано се движат низ училиштето за време на часовите;
- Повозрасните ученици да се однесуваат коректно кон помалите ученици;
- Ученикот да сослушува и да го почитува мислењето на другиот;
- Ученикот да се однесува учтиво во секоја прилика;
- Во случај наставникот да не дојде на наставен час на време, претседателот на класот е должен да го извести одговорниот наставник за настава или училишниот педагог и да постапи според нивни упатства;
- При изведување на настава или други активности во училиштето не е дозволено присуство на надворешни лица без дозвола на наставникот;
- За време на училишноте одмори учениците ја напуштаат училницата или кабинетот, можат да останат во неа само доколку имаат согласност од предметниот наставник кој е одговорен за таа училница;
- Во училиштето најстрого се забранува пушење, конзумирање дрога и алкохол, фрлање отпадоци надвор од корпите, недолично однесување, нарушување на редот и мирот, меѓусебни вербални навреди и физички пресметки;
- Ученикот редовно да ги информира родителите за случувањата во училиштето;
- Ученикот задолжително треба на родителот да му ги пренесува информациите по барање на наставникот;
- Најстрого се забранува внесување на алкохол, цигари и дрога како и нивно користење во просториите на училиштето;
- Ученикот ќе ја надомести секоја направена штета во училиштето и покрај тоа за него ќе се примени педагошка, дисциплинска мерка. На учениците не им е дозволено влегување во наставничката канцеларија. Во наставничката канцеларија е дозволено влегување само на дежурниот ученик;
- По завршувањето на последниот час учениците излегуваат од училницата или кабинетот а во присуство на наставникот кој излегува по нив заедно со дежурните ученици со претходен увид на состојбата на инвентарот и ѕидовите на училницата;
- Навремено известување за настанатите промени (адреса, телефон, изостанување од настава итн.);
За непочитување на овој кодекс на однесување следуваат соодветни педагошки мерки, а за направената материјална штета и паричен надомест
(доколку виновникот не се најде или пријави, штетата ја надоместува целата паралелка)