МИСИЈА
- Постојано развивање на нови можности за реализација на квалитетно образование;
- Усовршување на наставата преку современа теоретска и практична настава со примена на современи наставни методи и техники;
- Да се одржи и зачува позитивниот приод кон учењето кај младиот човек за да создадеме активен граѓанин со развиени знаења, вештини и ставови, со развиени компетенции за креативност, иницијативност, способност за решавање на проблеми, за одлучување, способност за социјална инклузија, кои ќе им овозможат на учениците лична сатисфакција и развој, потребни за нивното понатамошно вработување или продолжување на образованието.
ВИЗИЈА
- Наставниот кадар да создаде добри услови за комплетно и квалитетно образование од различни области со примена на современи методи и техники;
- Усовршување на наставата и прилагодување на наставните теми и содржини според потребите кои ги имаат младите луѓе во современиот начин на живеење;
- Развој и почитување на индивидуални квалитети и вредности кај секој поединец;
- Соработка меѓу учениците, наставниците и родителите без разлика на полот, верската припадност и националноста, меѓусебно почитување, надминување на стереотипите и предрасудите, а воедно и на разликите и тенденција за толеранција и понатамошна соработка и размена на идеи, искуства и традиционални вредности со сите учесници вклучени во образовниот процес;
- Развивање на добра и квалитетна соработка, тимска работа, взаемно почитување меѓу наставниците како и релација со учениците и родителите;
- Поттикнување на индивидуалниот развој на учениците, нивната активност, иновативност, креативноста и натпреварувачкиот дух на работа, преку примена на современи наставни методи за работа и стандарди за оценување, како и примена на ИКТ, со цел да создаваме успешни генерации.