ORATOR FIT,  POETA NASCITUR – Говорник се постанува, поетот се раѓа

Рецитаторскиот клуб секоја учебна година активно го подготвува своето учество на приредбите за Патрониот празник. Стиховите од поетската збирка „Бели мугри“ на нашиот патрон, презентирани изразно и уметнички од рецитаторите, придонесува за силно естетско доживување на поезијата на Кочо Рацин која и во современоста се доживува реалистично и уметнички доживеано.

Рецитаторскиот клуб исто така организира средби и поетски читања на поезија создадена од учениците. Па , би можело да се каже дека во рамките на Рецитаторскиот клуб постои и Поетскиот клуб кој најчесто, во просториите на училишната библиотеката организира и средби со ученици, поети од другите средни и основни училишта.