ИНТЕРЕН ОГЛАС За запишување ученици во прва година за учебната 2024/2025 година
РЕЗУЛТАТИ ОД УПИСОТ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА – ПРВО ПРИЈАВУВАЊЕ
Интерен оглас за запишување на редовни ученици во I (прва) година во СУГС „КОЧО РАЦИН”- Скопје за учебната 2024-2025 година
Во прва година ќе се запишат 220 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Гимназиско образование – 136 ученици, 4 паралелки, 60 поени минимум
Текстилно – кожарска струка – 59 ученици, 2 паралелки
- техничар за изработка на облека/техничар за дизајн на облека, во соработка со компании – 25 ученици
1 паралелка, 4г.тр., 45 поени минимум
- конфекционер – 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
Економско – правна и трговска струка – 25 ученици, 1 паралелкa
- економски техничар/е-трговија – и дигитален маркетинг/бизнис администратор, во соработка со компании – 25 уч.
1 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски уписен рок со две пријавувања. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
– Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2024 година од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до 15.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после уписниот рок со две пријавувања.
– Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2024 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
– Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август од 07.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22 август 2024 година, најдоцна до 12.00 часот.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.