Наставниот процес во СУГС Кочо Рацин се реализира согласно националните наставни планови и програми одобрени од Министерството за образование и наука. Најголемиот дел од часовите се реализираат интерактивно, користејќи креативни методи и техники со помош на информатичко комуникациска технологија. Во училиштето се организираат најразновидни воннаставни активности според интересите и афинитетите на учениците, кои им помагаат во нивниот личен и социјален и професионален развој.
Училиштето нуди три образовни профили
Текстилно - кожарска струка
Техничар за изработка на облека,
Техничар за дизајн на облека
Во соработка со текстилни компании
Гимназиско образование
Оштествено - хуманистичко подрачје,
Природно - математичко подрачје,
Јазично - уметничко подрачје
Економско-правна и трговска струка
Економски техничар,
Е-трговија и дигитален маркетинг,
Бизнис администратор
Во соработка со бизнис секторот
Редовна настава
Редовната настава во училиштето се изведува по однапред утврдени наставни планови и програми одобрени од МОН. Наставните часови се реализираат со примена на најсовремени дидактичко-методски форми на работа. Најголемиот дел од часовите се реализираат интерактивно, користејќи креативни методи и техники со помош на информатичко комуникациска технологија. Училиштето располага со ЛЦД проектори, интерактивни табли, лап-топи и паметни таблети.


Додатна настава
За учениците кои покажуваат особено изразен интерес за одделни наставни содржини, предмети или области се планира и реализира додатна настава. Цел на овој тип настава е да се обезбеди систематска работа со надарените ученици.
Консултативна настава
Консултативната настава се реализира за учениците кои вонредно се школуваат, или пак се подготвуваат за државна матура, училишна матура и завршен испит.
Дополнителна настава
Дополнителната настава се организира за учениците кои покажуваат послаб успех или имаат проблем во совладувањето на одредени наставни содржини или теми. Овој тип настава подразбира индивидуален пристап во работата со учениците.
Практична настава
Практична настава се реализира кај учениците од стручното образование.
Продолжена настава
Продолжителната настава се организира за ученици кои се упатени на поправен испит по одделни предмети. Наставниците кои имаат ученици упатени на поправен испит, подготвуваат план и програма за реализација на продолжителната настава, а со цел успешно полагање на испитот.