Освен редовната настава во училиштето се реализираат и слободни активности од различни области кои учениците ги одбираат според своите афинитети и интереси.
Така се оформени секции и клубови кои ги водат професори – ментори кои воедно се и координатори на ученичките активности:
Ликовен клуб
ARS LONGA, VITA BREVIS – Животот е краток, уметноста е вечна
Спортски активности
CITIUS, FORTIUS, ALTIUS – Побрзо, посилно, повисоко (девиза на Олимписките игри) EXERCENDO CORPUS FIRMAMUS - Со вежбање го јакнеме телото; MENS SANA IN CORPORE SANO – Здрав дух во здраво тело
Рецитаторска и ораторска секција
ORATOR FIT, POETA NASCITUR - Говорник се постанува, поетот се раѓа
Хор и оркестар
CARMINA MORTE CARENT - песните се бесмртни
Драмска секција
SIC ITUR AD ASTRA – Така се оди до ѕвездите
Секција за прва помош и заштита
VALETUDO BONUM OPTIMUM – Здравјето е најголемо богатство
Информатичка математичка секција
SCIENTIA EST POTENTIA – Знаењето е моќ
Историска секција
HISTORIA EST MAGISTRA VITAE – Историјата е учителка на животот
Секција за моделирање, конструирање и изработка на модели
DE GUSTIBUS NON EST DISPUTANDUM – За вкусовите не треба да се расправа
Центар за кариерен развој на учениците
ОMNIUM GRADUUM DIFICILLIMUS EST PRIMUS- Од сите чекори најтежок е првиот (најтешко е да се осмелиш)
