Општи напомени
Со куќниот ред се регулира редот, дисциплината, односите меѓу учениците, наставниците и наставата во Училиштето;
Според Законот за средно образование и воспитание, како и Статутот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитно-образовна работа, а истовремено имаат и обврски коишто треба да ги исполнуваат и почитуваат.
Време на изведување на наставата
- Наставниот процес во училиштето се реализира во период од 08:00 часот до 19:00 часот. Наставата е во две смени. Почетокот на наставата започнува од 08.00 часот за првата смена, а од 13.30 часот за втората смена. Времетраење на наставен час е 45 минути, 20 минути голем одмор помеѓу вториот и третиот час и 10 минути мал одмор помеѓу четвртиот и петиот час.
Ред за влегување и престојување во училишната зграда на учениците, вработените и надворешните лица
- Училиштето за влез и излез на учениците го користи главниот преден влез на училишната зграда. За наставниците и вработените во училиштето се користат споредните влезови.
- Учениците доаѓаат на настава во училиштето најдоцна пет минути пред почетокот на наставата. Главниот влез се затвара во 8.00 часот за првата смена, а за втората смена во 13.30 часот.
- Влегувањето во училници треба да биде уредно, тивко и навремено.
- Учениците ќе доаѓаат и ќе си заминуваат од училиште сами, во придружба на родител (за учениците со посебни образовни потреби), со организиран или со јавен превоз.
- По завршувањето на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставни активности.
- Учениците не минуваат низ службениот влез на училиштето.
- Не е дозволено учениците без одобрение да го напуштат часот и да се задржуваат во санитарните простории или во ходниците.
- Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, уверенија и сл.).
- Ученикот како субјект во воспитно-образовниот процес да има јасна слика за својата состојба и улога во училиштето и да ги знае своите права и одговорности и да се прилагодува на новите барања.
- Учениците да ги почитуваат законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко.
- Учениците во училиштето доаѓаат педантни и пристојно облечени.
- Учениците се должни да се однесуваат пристојно и со почит кон наставно-воспитниот кадар, административниот и техничкиот кадар во училиштето.
- Секогаш да служи како пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики, да внимава на својот морален лик.
- Да се почитуваат аргументите на другите и да не се даваат непристојни коментари.
- Секој ученик треба да биде почитуван како личност без оглед на неговите способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповед и социјална положба.
- Ученикот да има совесен, одговорен и хуман однос кон сите во Училиштето.
- Да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители и да ја почитува меѓусебната зависност на индивидуи и групи.
- Доколку наставникот од било која причина не е на часот подолго од 10 минути, потребно е дежурниот ученик да го извести раководителот на смена, заради регулирање на часот.
- За време на големиот одмор дежурните наставници треба да бидат во холот на училиштето (таму каде што се распоредени да дежураат). Секоја неправилност што ќе се случи за време на неговото дежурство, дежурниот наставник е дожен да ја евидентира во книгата за дежурство и истата да ја пријави на раководителот на смена.
- Средбите родител-наставник се остваруваат во претходно утврдени термини, предложени од страна на наставниците. Класните раководители одредуваат ден и време за прием на родителите во текот на работната недела.
- Додека трае часот, забрането е излегување од часот и шетање низ ходници за да не се наруши текот на наставата.
- За време на наставата потребно е во училишната зграда да има работна дисциплина.
- Се забранува групно и индивидуално напуштање на часови. Заради непочитување на оваа одредба, на учениците им се изрекуваат педагошки мерки (според Статутот на училиштето).
- Учениците не смеат да повикуваат и носат надворешни лица во училиштето и училишниот двор.
- Должност на сите ученици е да го одржуваат редот, дисциплината и хигиената во училниците, ходниците, тоалетните простории, училиштето и надвор од него.
- Најстрого се забранува пушење во просториите на училиштето и училишниот двор, а непочитувањето ќе биде казнето согласно Законот.
- Во кругот на училиштето не смеат да се внесуваат и конзумираат алкохолни пијалоци.
- Најстрого се забранува внесување и користење на дрога во училиштето и училишниот двор.
- Учениците не смеат со себе да носат оружје или други предмети опасни по здравјето и безбедноста на луѓето
- Најстрого се забранува непочитување, нарушување на личноста и угледот и физичкиот интегритет на соучениците, вработените и наставниците во и надвор од училиштето.
- Учениците со своето однесување не смеат да предизвикуваат конфликтни ситуации или да бидат дел од нив. Најстрого се забранува насилно однесување. Најстрого се забранува предизвикување на тепачки, а меѓусебните недоразбирања учениците да ги реашааваат сами меѓусебе на другарски начин во рамките на Заедницата на паралелката или со посредство на класниот раководител.
- Учениците треба да го чуваат училишниот инвентар и наставно-нагледните средства. Должност на сите ученици е културно и домаќински да се однесуваат кон училишниот имот, кабинетите, компјутерите, училишниот инвертар, инсталациите и слично. Ученикот ќе ја надомести секоја направена материјална штета во училиштето, а доколку штетата е направена намерно ќе му се изрече и соодветна педагошка мерка според Статутот на училиштето.
- Учениците треба да го чуваат и да не го уништуваат зеленилото во училишниот двор.
- Должност на сите ученици за време на одморите да внимаваат на хигиената во холот на училиштето и во училишниот двор (отпадоци, отпушоци да бидат фрлани во соодветни корпи за отпадоци).
- Забрането е да се пишува во зградата на училиштето.
- Најдоследно да се почитува правилникот за употреба на учебниците, а тоа значи:
- На почетокот на учебната година, сите ученици ќе добијат комплет бесплатни учебници.
- За истите ќе потпишат документ за што се обврзуваат да ги вратат во исправна состојба.
- Учениците не смеат да ги оштетуваат, бележат и поцртуваат одредени реченици или делови од текстот на учебникот.
- По завршувањето на наставната година, учениците се должни да ги вратат учебниците неоштетени и во добра состојба.
- Ако ученикот не го врати комплетот на учебници или врати оштетен, неговиот родител односно старател ќе ја надомести вредноста на комплетот на учебници.
- Степенот на оштетување на учебниците ќе го утврдува комисија формирана од страна на Директорот.
- Најдоследно да се почитува правилникот за заштита и користење на компјутерите во секој кабинет (истиот треба да се третира со секој предметен наставник, а истото да се евидентира во дневникот за евиденција).
- Посебно место во животот и работата на учениците во училишната зграда треба да зазема развивањето на еколошка свест и чувањето на работната средина во и надвор од училиштето.
- Забрането е користење на мобилен телефон за време на часовите, истиот мора да биде исклучен.
- Изостанувањата на учениците, нивните родители ги оправдуваат во рок од три до пет дена.
- Своите административни потреби учениците ги остваруваат за време на големиот одмор.
- Не им се дозволува на учениците без посебна потреба влегување во наставничка канцеларија, кај Директорот во училиштето или во друга административна просторија.
- Учениците кои се истакнуваат со својата работа, успех и поведение, ќе бидат наградени и пофалени.
- Пофалбите, дипломите на наградените ќе им бидат доделени на крајот на наставната година.
- За реализација на практичната обука и учењето преку работа, училиштето подготвува распоред за користење на двата училишни кабинети за практична настава.
- Редот на часовите го одржува и за него одговара предметниот наставник. Учениците кои го нарушуваат редот на часот и кои не ги почитуваат упатствата на предметниот наставник и ја нарушуваат работната атмосфера на часот, се упатуваат во педагошката служба.
- За проблемите во врска со наставата или со остварување на нивните права и обврски, учениците прво разговараат и ги изнесуваат пред предметниот професор, потоа класниот раководител, педагошко-психолошката служба, наставничкиот колегиум на паралелката, наставничкиот колегиум на училиштето, како и Директорот.
Надворешните лица се упатуваат на бараното место во училиштето од страна на дежурните наставници, педагогот во училиштето или раководителот на смена, или некое друго службено лице.