ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

Поголем интерес на учениците кои сакаат своето образование да го продолжат во нашето училиште е присутен кај учениците од основните училишта од општина Карпош, општина Центар и општина Ѓорче Петров;

И покрај фактот што сме единствено средно училиште во градот кое нуди стручно образование од текстилната струка, сепак бројот на запишаните ученици не е на задоволително ниво бидејќи не се исполнети целосно слободните места со кои располага училиштето и кои има услови да  ги обезбеди.

Учебната 2019/2020 година училиштето започна со настава стручното образование од економско-правна и трговска струка, образовен профил економски техничар.

Изведувањето на наставата е полукабинетска бидејќи просторните и материјалните услови во училиштето не овозможуваат да биде целосно кабинетска.

Наставата за гимназиското, економското и за текстилното стручно образование е организирана во две смени:

  • претпладневна смена – I смена ( 8.00 часот)
  • попладневна смена – II смена      (13.30 часот)

Првата смена започнува од 8.00 часот поради оддалеченоста на училиштето од централното подрачје, за да им се овозможи на сите ученици да пристигнат на време, особено на оние ученици кои доаѓаат од подалечните општини.

За прием, евиденција и делење на учебници на учениците добиени од МОН, се определува тим наставници;

Учебниците им се делат на учениците на почетокот од учебната година по сите предмети;

На крајот од наставната година учениците се должни да ги вратат добиените учебници по што се прави повторна евиденција, распределба по предмети и се подговуваат за наредната учебна година.

МИСИЈА

  • Постојано развивање на нови можности за реализација на квалитетно образование;
  • Усовршување на наставата преку современа теоретска и практична настава со примена на современи наставни методи и техники;
  • Да се одржи и зачува позитивниот приод кон учењето кај младиот човек за да создадеме активен граѓанин со развиени знаења, вештини и ставови, со развиени компетенции за креативност, иницијативност, способност за решавање на проблеми, за одлучување, способност за социјална инклузија, кои ќе им овозможат на учениците лична сатисфакција и развој, потребни за нивното понатамошно вработување или продолжување на образованието.

ВИЗИЈА

  • Наставниот кадар да создаде добри услови за комплетно и квалитетно образование од различни области со примена на современи методи и техники;
  • Усовршување на наставата и прилагодување на наставните теми и содржини според потребите кои ги имаат младите луѓе во современиот начин на живеење;
  • Развој и почитување на индивидуални квалитети и вредности кај секој поединец;
  • Соработка меѓу учениците, наставниците и родителите без разлика на полот, верската припадност и националноста, меѓусебно почитување, надминување на стереотипите и предрасудите, а воедно и на разликите и тенденција за толеранција и понатамошна соработка и размена на идеи, искуства и традиционални вредности со сите учесници вклучени во образовниот процес;
  • Развивање на добра и квалитетна соработка, тимска работа, взаемно почитување меѓу наставниците како и релација со учениците и родителите;
  • Поттикнување на индивидуалниот развој на учениците, нивната активност, иновативност, креативноста и натпреварувачкиот дух на работа, преку примена на современи наставни методи за работа и стандарди за оценување, како и примена на ИКТ, со цел да создаваме успешни генерации.

Квалитетно образование темел за нашата подобра иднина!..

ЦЕЛИ НА УЧИЛИШТЕТО

Општи цели

  • стекнување знаења и разбирања, умеења и вештини, вредности и диспозиции, права и одговорности;
  • развивање на интересите, способностите и творештвото кај младите;
  • воспитување за демократичност, толерантност, конструктивност, креативност, трпеливост и меѓусебно разбирање;
  • развивање на свеста за критичко прифаќање на општествените и социјалните процеси и појави;
  • оспособување за продолжување на образованието, односно за вклучување на работа;
  • развивање свест за чување на здравјето, заштита на природата и животната средина;
  • поттикнување и забрзување на развојот на посебните интереси и способности кај младите;
  • воспоставување филозофија за доживотно учење и
  • подготвеност за промени.

Посебни цели

  • развивање училишна клима која го поттикнува учењето;
  • подобрување на перформансите на учениците;
  • континуиран професионален развој на наставниците;
  • опремување на училиштето со современи наставни средства;
  • подобрување на квалитетот на наставата, преку воведување современи наставни методи и форми и техники на работа и наставни средства;
  • перманентно следење на напредокото на ученицие;
  • зголемување на степенот на мотивираност и одговорност кај учениците за сопствениот напредок и нивно активно учество во наставата;
  • зголемување на нивото на компетентност на наставниците за успешна комуникација со учениците;
  • партнерство меѓу училиштето и семејството;
  • подобрување на редовноста на учениците и на наставниците и
  • развивање на еколошката свест кај сите структури во училиштето.

Програмски насоки

Во согласност со актуелните промени во образовниот систем, а земајќи ги предвид општите и посебните цели, кои училиштето со својата работа треба да ги постигне, програмските насоки се определени од неколку аспекти и тоа: 

  • Планирање и остварување на воспитно – образовниот процес според законските одредби и прописи на МОН и БРО на Република Македонија;
  • Континуирана анализа на наставниот процес, преку активна соработка на стручните активи, педагошко – психолошката служба, Училишниот одбор и Директорот на училиштето;
  • Искористување на материјално – финансиските капацитети за разрешување проблеми од приоритетно значење за развој на училиштето;
  • Подигнување на нивото на вклученост на семејството во воспитно – образовниот процес;
  • Соработка со локалната средина;
  • Соработка со научни, културни, спортски, хуманитарни и невладини тела и организации, со цел да се постигне практичност на наставата;
  • Соработка со педагошко – психолошката служба за одговорно подготвување и реализирање на наставните часови;
  • Примена на активни методи на учење и современа технологија;
  • Учество на учениците во планирањето и реализацијата на работата на училиштето;
  • Континуирано следење на напредокот и постигнувањата на учениците.

МАТЕРИЈАЛНО-ТЕХНИЧКИ РЕСУРСИ

  • Училиштето има спортска сала (на која и е извршена реконструкција) и спортско игралиште.
  • Во функција е новата спортска сала која се наоѓа во училишниот двор.
  • Училишниот двор е со површина од околу 16.127 м2 и е во фаза на уредување.
  • Предвидено е естетско уредување како и хортикултурно уредување на училишниот двор.
  • Предвидена е набавка на нови наставно – образовни помагала за кабинетска настава и за предметот спорт и спортски активности.
  • Предвидена е набавка на нова информатичка и видео опрема, нови компјутери и LCD проектори.
  • Предвидено е обновување на канцеларии и училишен мебел и збогатување на библиотечниот фонд.

 

  • Вкупен број на училници и кабинети: 23

Специјализирани кабинети по:

  1. Музичко 1
  2. Ликовно 1 (прилагодена училница)
  3. Информатика 1
  4. Практична настава 2
  • Библиотека:

– Книжен фонд: околу 15 000 книги

  • Опрема:

– 30 компјутери,

– 9 принтери, скенери,

– 1 фотокопир, графоскопи, телевизори, лцд проектори, 3 смарт табли, 27 таблети,

– Телескоп,

– Проекциско платно, ЦД плеери.

  • Опрема за кабинетите по пракса

– Едноиглена штеп машина со зрнест убод: 11 Yuki, 15 Typikal

– Високобрзински двоиглен оверлок со пет конци: 1 Yuki, 1 Typikal

– Машина за слеп убод: 1 Maie, 1 Typikal

– Машина за изработка на илики: 1 Typikal

– Машина за нашивање на копчиња: 1 Typikal

– Вертикален нож за кроење 1

– Професионална маса за пеглање со котел за пеглање: Primula1, Sostar1

– Пегли 2, Даски за пеглање 2

– Обични машини 8

ОБРАЗОВЕН ВЛЕЗ

Нивото на претходното образование кое е потребно за влез на новозапишани ученици во прва година е завршено деветгодишно основно образование. Кандидатите кои ги исполнуваат условите од конкурсот, што го објавува Министерството за образование и наука на Северна Македонија, по претходно барање од училиштето, а во согласност со потребите и желбите на средината, стануваат редовни ученици во Средното училиште на Град Скопје „Кочо Рацин“ – Скопје.

Кандидатите се рангираат во однос на:

  • покажаниот среден успех од VI до IX одделение;
  • покажаниот среден успех по предметите: мајчин јазик, странски јазик, математика и историја за гимназиското образование; мајчин јазик, странски јазик, хемија и математика за текстилно – кожарска струка и мајчин јазик, странски јазик, математика и историја за економско – правна и трговска струка.
  • поведението од VI до IX одделение
  • учество на државни и меѓународни натпревари.

Кај учениците се појавува интерес за упис во гимназиската струка и делумно во текстилно-кожарската струка и економско-правната и трговска струка со настава на македонски јазик. За таа цел, се планира поголема промотивна кампања и маркетинг на училиштето, поголема соработка со основните училишта, организација на пријателски натпревари по спорт и спортски активности, конкурси за литературни творби, конкурси за уметнички творби и сл.

Доколку бројот на пријавените кандидати во училиштето е поголем од потребниот број ученици што треба да се запишат (објавен на конкурс), тогаш се врши рангирање на кандидатите според начинот што го доставува Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.