Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Полагањето на државна матура е неопходно за оние ученици кои своето образование сакаат да го продолжат на државните и на повеќето од приватните универзитети. За повеќе информации консултирајте го сајтот www.matura.gov.mk или обратете се на факултетите за кои сте заинтересирани.

Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.

Државната матура се состои од испит по 5 предмети меѓу кои и проектната задача. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување на матурата, најпрво треба да одберат проектна задача во соработка со професор-ментор, а потоа да предадат комплетно пополнета пријава кај класните раководители.