Во рамките на економско-правната и трговска струка учениците се здобиваат со квалитетно образование во  два образовни профили:

1.     Економски техничар

2.     Е-трговија и дигитален маркетинг

во чиј домен се реализира и програмата „Учење преку работа кај работодавач“. Со оваа програма  учениците се директно  вклучени на пазарот на трудот преку неколку компании со кои Нашето училиште има склучено Меморандум за соработка.

Во рамки на секцијата за економско- правна и трговска група предмети, оваа година се реализираа многубројни проекти, државни натпревари, како и посета на компании во рамки на програмата  ,,Учење преку работа кај работодавач”.

       Нашата мисија е да создадеме такви компетенции кај нашите ученици кои ќе им помогнат тие полесно да се инволвираат на пазарот на трудот веднаш по завршувањето на средното образование. 

       Економско-правната и трговска струка во нашето училиште изминативе 5 години покажува значителен успех и придонес во образованието кое го нуди нашето училиште, што резултира со зголемен интерес за упис во струката.