Во текот на годината Еко-одборот имаше активности кои беа од значење за унапредување на средината во која нашите ученици престојуваат и работат. Се спроведоа неколку тркалезни маси, на кои се дискутираше за унапредувањето на животната средина во СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје, точки на еко акција, односно кои да ни бидат приоритетите за подобрување на средината, при што беше извршена набавка и реконструкција на кантите за отпадоци, клупите во дворот на училиштето и набавка на  цвеќиња и еко садници.

Во делот за Имплементација на Еколошката едукација во образовниот систем, веке неколку години имаме план за зголемување на часови со еколошки содржини во рамки на годишните планови за работа по наставните предмети. Од првичните два часа со кои се започна во учебната 2012/13 година, имаме предмети кои се исполнети со поголем број на часови со еко-содржини во годишните програми за работа.

Во изминатата учебна година активно учествувавме во самостојни акции за засадувања на нови садници дрва, украсување со цвеќиња, поради укинувањето на акцијата „Ден на дрвото“ при што беа засадени поголем број на млади дрва и украсни цвеќиња. Нашата заложба е секоја наредна акција да засадиме повеќе од предходната. Од страна на Општина Ѓорче Петров и ЈП Комунална хигиена – Скопје, беше организирана работна акција за чистење на училишен двор – „За почист училишен двор“, во која што активно се вклучи и нашето училиште СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје со своите ученици и наставници. Целта беше да се исчистат и разубават училишниот двор и околината, како и да се дискутира со учениците околу грижата за природата. Како дел од проеките на Здружението на граѓани Еко-Логик: „Камп за одржливост“ и „Намалување на Аерозагадувањето и Отпадот во Република Северна Македонија“, СУГС „Кочо Рацин“ активно учествуваше и даде свој придонес со учениците и наставниците.