Во учебната 2019/2020 год. младинската организација заедно со предметните наставници учествуваа во организација и одбележување на Патрониот празник на училиштето преку свечена манифестација, каде што беа реализирани многубројни актвиности од страна на учениците и беа изложени нивните литературни и ликовни творби.
Младинската организација заедно со предметните наставници учествуваа во организација и реализација на едукативните интерактивни ученички работилници, претставувајќи го училиштето пред учениците од завршните одделенија на основните училишта, притоа активно учествувајќи во најразновидни активности, работилници, изработка на различни прашања, прашалници, квизови, разновидни ликовни ракотворби, литературни катчиња и сл.
Истата 2019/2020 учебна година, беа реализирани неколку хуманитарни акции на територијата на општина Ѓорче Петров, од кои значајни за издвојување се: Собирање на парични средства за помош на социјално загрозени семејства, хуманитарна акција за собирање на облека за сиромашни граѓани, крводарителска акција.