Skip to content

UPSHIFT младинска програма за иновативни решенија

Ментор : проф. Петре Трајковски

Во изминатите две години, преку UPSHIFT програмата, им овозможивме на младите да се вклучат во изнаоѓање на решенија за предизвиците со кои се соочуваат во своите заедници и да понудат иновативни решенија во вид на производи или услуги. Во самиот процес на развивање на идеите, со поддршка од менторите и со примена на современи алатки, се потикнува иновативно размислување и развој на претприемнички вештини.

Овој пат, отворивме нов повик за идентификување на проблеми кои се предизвикани или продлабочени како последица од кризата и развивање на решенија за истите. Предизвиците може да бидат од различни области: образование, дигитален јаз во учењето на далечина, намалена економска активност во погодени сектори (уметност, туризам, мали бизниси), зголемување на невработеноста, медиумска писменост (пристап до точни информации и проверени информации, борба против лажни вести), заштита на животната средина, намалување на загадувањето и слично.

За учество во програмата потребно е да се формира тим од 2-5 ученици на возраст од 13-19 години и да се пополни апликацијата најдоцна до 20 ноември 2020 година Учесниците на програмата имаат можност да:

• стекнат нови вештини и знаења кои се применливи во решавање на било каков проблем

• придонесат да се реши проблем во нивната заедница а и пошироко

• научат како да дизајнираат, развијат и спроведат идеја

• стекнат нови пријателства

• добијат можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја реализираат идејата.

Пандемијата нанесе огромни последици врз секој аспект од нашите животи, вклучувајќи ги образованието, економската стабилност, здравствената и социјалната грижа, како и менталното здравје и благосостојба. Овие последици директно и индиректно влијаат врз децата и младите кои се истовремено и најмногу погодени. Додека светот се справува со предизвиците од КОВИД-19 пандемијата, токму младите ширум светот предводат промени во своите заедници и нудат иновативни решенија.

Денес беше првиот ден од реализација на програмата каде тимовите на ученици учествуваа на работилници. Нашиот “тим 3” е тим составен од учениците од струката: економија, право и трговија кои достојно го претставија нашето училиште пред присутните со сопствена работа и презентирање на сработеното. На почетокот организаторот сподели со нас информации за настанот, потоа се обратија Директорот на UPSHIFT програмата и Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, и потоа добивме насоки како ќе работиме со што бевме поделени во групи (секој тим засебна група). НАШИОТ „ТИМ 3“ успешно ги заврши денешните предвидени задачи, како и презентации на истите низ повеќе сесии. Еве и дел од фотографиите :

 

         

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email