Учениците во фабриката Г-компани, во текот на вчерашниот ден, изработуваа работни панталони, престилки и капи со проф. Катерина М. Стојаноски
Честики за нашите ученици за постигнатиот успех на натпреварот и едно големо БРАВО за борбата и ентузијазмот!
Од годинешното учество на националниот натпревар за финансиска писменост „Европски квиз на парите“ нашите ученици беа феноменални и покажаа одлично знаење и брзина, при што од вкупно 425 тимови учесници од училиштата од цела држава, тие освоија:
7 место – Ева Димитриовкса и Љубе Карапетовски, паралелка I-б
9 место – Александар Момчилов и Георгиј Димишковски, паралелка I-а
12 место – Сандра Несторовска и Дариа Папацафа, паралелка I-a
25 место – Матеја Ѓорѓиевска и Бојан Пешов, паралелка I-1Е
31 место – Антонио Јовановски и Петар Јаковлевски, паралелка I-б
35 место – Борјан Панчевски и Омер Адемовски, паралелка I-б
Ментори: Гимназиски паралелки: проф. Петре Трајковски; Економска паралелка: проф. Ана Тасевска
Во театар со матурантите ❤
Oбука за примена на нови методи и претприемнички практики во наставата
Претставници од нашето училиште земаа учество на обука за примена на нови методи и претприемнички практики во наставата, во Центар за социјални претријатија Скопје, во организација на Џуниор Ачивмент Македонија – организација со која нашето училиште има долгогодишна соработка преку Програмата за ученички компании.
Инспирација, дијалог и акција!!
Ученичките Ноа Станковска, Даниела Митреска, Сара Манасиевска и Марија Србиноска од IVa учествуваа на Конференцијата “Младински разговори 1.0” што се одржа во Студентскиот културен центар, а во организација на “Национална агенција за европски образовни програми” и “Национален младински совет на Македонија”.
“Најдоброто е резервирано за нас”
Предавање на тема: “Претвори ги твоите идеи во реалност”.
„Медиумската писменост во добата на вештачката интелигенција: проширување на границите на возможното“
Преставник од наставниот кадар на СУГС Кочо Рацин учествуваше на меѓународниот симпозиум „Медиумската писменост во добата на вештачката интелигенција: проширување на границите на возможното“, кој се организира во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Целта на симпозиумот беше подобрување на конвергенцијата помеѓу дигиталната писменост и вештачката интелегенција во насока на развивање вештини кај младите, за критичко оценување на медиумските содржини, поттикнувајќи позитивни промени во општеството.