Во тек се работилниците на тема „Препознавање и превенција на насилството“.
Преку интересни активности, дискусии и примери од секојдневниот живот, учениците учат како да ги препознаат различните облици на насилство, како правилно да реагираат и колку е важно да не останат рамнодушни кога некој е повреден, навреден или исклучен од групата.
Учениците активно размислуваат, ги споделуваат своите ставови и заеднички бараат решенија за создавање побезбедна и попријателска училишна средина.
Затоа што зборовите имаат моќ – можат да повредат, но можат и да охрабрат!
Да градиме училиште во кое секој ученик се чувствува прифатен, почитуван и безбеден!
Кажи НЕ на насилството, а ДА на почитта, емпатијата и другарството!





