Во текот на учебната 2020/2021 година, училиштето ќе продолжи со учество во реализација на Проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа ЈЕС) воспоставувајќи тесна соработка со сите партнери на проектот, стручниот тим и одговорните лица на Секторот за образование на град Скопје. Целта на проектот Мрежа ЈЕС е да ги зајакне вештините за вработување кај средношколците. Проектот стимулира директна соработка меѓу учениците, наставниците, вработените во центрите за вработување и членовите на невладини организации кои работат со младите во оваа област. Имплементацијата на проектот во текот на учебната година ќе се одвива преку интегрирање на содржините во постоечките предмети и проектни активности.
Работа на Центарот за кариера
Со поддршка на проектот опремен е кариерен центар со нов мебел, ИТ опрема и соодветна литература. Подготвителните активности за опремувањето на кариерниот центар започнаа во текот на месец декември 2013 година. Во текот на учебната 2020/21 година, кариерниот центар ќе работи на реализирање и остварување на предвидениот акциски план, како и реализација на активности за поврзување на училиштето со други организации. Во оваа насока предвидени се обуки на наставниците – идни советници за кариера и членовите на стручните служби и професионално усовршување на наставниците од практична настава преку обуки кај работодавачите кои ќе им помагаат на учениците во изборот на нивната кариера. Исто така, предвидени се различни активности за кариерно информирање и образување на учениците, но и активности за кариерно советување кои ќе се реализираат индивидуално и групно.
Годишен акционен план за работа на Кариерниот центар во учебната 2020/2021 год.:
ЦЕЛ: 1 Промоција на Кариерниот Центар | ||||||||||
Р.бр. | Планирани Активности | Временска рамка | Ресурси | Одговорна личност-наставници | Резултат (што се очекува) | |||||
1 | Изработка на промотивен материјал | 09.2020 | Хартија, принтер, тонер, компјутер | Филип Ф., Петре Г. | Учениците се запознати со К.Ц. | |||||
2 | Организација на самата промоција | 10.2020 | Просторија, проектор, озвучување | Филип Ф., Петре Г. | Побуден е интерес за К.Ц. | |||||
3 | Панел дискусија за серија активности во училиштето (Спортски активности, серија еколошки содржини, останати натпревари) | 11.2020 | Хартија, принтер, тонер, компјутер | Филип Ф., Петре Г., Роберт Н. | Афирмација на К.Ц. | |||||
ЦЕЛ:2 Избор на волонтери за Кариерниот Центар | ||||||||||
Р.бр. | Планирани Активности | Временска рамка | Ресурси | Одговорна личност-наставници | Резултат (што се очекува) | |||||
1 | Објавување на конкурс за волонтери за Кариерен Центар | 12.2020 | Хартија, принтер, тонер, компјутер | Дејана К. | Поголем број на апликации на кандидати | |||||
2 | Собирање и обработка на пријавените апликации | 01.2021 | Класер | Дејана К. | Прва селекција на пријавените кандидати | |||||
3 | Интервју | 01.2021 | Просторија | Петре Г., Дејана К. | Втора селекција на пријавените кандидати | |||||
4 | Избор | 01.2021 | Просторија | Филип Ф., Петре Г. Дејана К. | Конечен избор на волонтери | |||||
ЦЕЛ: 3 Организирање на обука за барање работа | ||||||||||
1 | Изработка на С.V. и придружно писмо | 03.2021 | Хартија, принтер, тонер, компјутер | Маја Т., Емилија С., | Изработка на С.V. и придружно писмо | |||||
2 | Барање на информации за вработување | 03.2021 | Компјутер, Интернет, Весници | Маја Т., Емилија С., | Барање на информации за вработување | |||||
3 | Составување на портфолио за кариера | 03.2021 | Просторија | Маја Т., Емилија С., | Составување на портфолио за кариера | |||||
4 | Техники за интервју за работа | 04.2021 | Просторија | Маја Т., Емилија С., | Техники за интервју за работа | |||||
ЦЕЛ 4: Совладување на финансиски вештини – штедење | ||||||||||
Р.бр. | Планирани Активности | Временска рамка | Ресурси | Одговорна личност-наставници | Резултат (што се очекува) | |||||
1 | Водење дневник за трошоци за време од две недели | 04.2021 | Тефтер | Петре Г., Емилија С., | Водење дневник за трошоци за време од две недели | |||||
2 | Видео презентација на нерационално трошење пари | 05.2021 | Проектор, компјутер | Петре Г., Емилија С., | Видео презентација на нерациона-лно трошење пари | |||||
3 | Конкурс за најдобар есеј на тема “Како да заштедам пари” | 05.2021 | Хартија | Петре Г., Емилија С., | Конкурс за најдобар есеј на тема “Како да заштедам пари” | |||||
ЦЕЛ 5: Подготвување на воннаставни активности и интерактивни работилници по повод патрониот празник на училиштето | ||||||||||
Р.бр. | Планирани Активности | Временска рамка | Ресурси | Одговорна личност-наставници | Резултат (што се очекува) | |||||
1 | Литературни и ликовни работилници | 10.2020 11.2020 12.2020 | Хартија, Принтер, Компјутер, Телевизор, Материјали за цртање и боење | Лилјана С., Анче М., Ивона В. | Успешна реализација | |||||
2 | Воннаставни активности и интерактивни работилници по одделни предмети | 10.2020 11.2020 12.2020 | Хартија, Принтер, Компјутер, Телевизор | Предметните наставници | Активни ученици и успешна реализација | |||||
3 | Подготовки за патрониот празник | 10.2020 | Хартија, Принтер, Компјутер, Телевизор | Јасмина С.У., Анче М., Лилјана С, Соња З., Емилија С., Ивона В., Зорица С. В. | Успешно организиран патронен празник | |||||
ЦЕЛ 6: Развој на математичко – логичко размислување | ||||||||||
Р.бр. | Планирани Активности | Временска рамка | Ресурси | Одговорна личност-наставници | Резултат (што се очекува) | |||||
1 | Математичка работилница | 10.2020 | Хартија, Компјутер, Принтер | Дејана К., Натали П. | Учениците да научат да решаваат комплексни математички задачи | |||||
2 | Турнир во местење (составување) на Рубикова коцка | 03.2021 | Проектор, компјутер | Дејана К., Натали П. | Избор на најбрзите тројца ученици | |||||
3 | Тестирање – „Само-евалуација“ | 04.2021 | Хартија | Петре Г., Маја Т., Сафета Ц., Ана С. | Јаки и послаби страни, само-проценување, само-оценување, со какви карактерни вештини учениците располагаат | |||||
4 | Спроведување на тест за интелигенција | 05.2021 | Петре Г., Маја Т., Сафета Ц. | Избор на најинтелиге-нтниот ученик |
Програма за Подготовка за вработување и работа
Со цел да се подобрат вештините за вработување кај учениците, во текот на учебната година ќе продолжи реализацијата на обуките за наставниците кои се дел од училишните тимови на овој проект. Сите наставници кои ќе ја завршат обуката, ќе се стекнат со правото да ја имплементираат програмата за слободните часови на учениците „Подготовка за вработување и работа“ која официјално е усвоена од Центарот за стручно образование и обука, во рамки од трета година. Наставниците што нема да ја имплементираат програмата преку слободни часови, ќе интегрираат содржини од програмата од методска гледна точка во предметите што ги предаваат (пр. тимска работа, комуникациски вештини, безбедност при работа итн.). Училиштето, во рамки на стручното образование, со овој проект во текот на учебната 2020/21 година може да формира најмалку една група ученици од трета година што ќе ја следи програмата „Подготовка за вработување и работа во рамки на слободните часови“, „Учење преку работа“ во четврта година како и во практичната настава и „Планирање на кариера“ во втора година. Во гимназиското образование, имплементацијата се одвива преку интегрирање на содржините во постоечките предмети и проектните активности.
Програма за учење преку работа
Со цел да се подобри практичната настава и работата во компаниите, во текот на учебната 2013/14 година, започна обуката на наставници од стручното образование за програмата „Учење преку работа“. Оваа програма понатаму се развива преку вклучување на учениците од четврта година стручно образование со цел на истите да им овозможи соодветно работно искуство.
Со цел воспоставување на одржлив систем за кариерно советување и насочување на учениците, Министерството за образование и наука, со поддршка на проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа ЈЕС), започна со иницијатива за отварање на кариерни центри и едукација на кариерни советници во средните училишта во РМ. За таа цел, на 01.08.2012 година, потпишан е Меморандум за соработка меѓу МОН и Мрежа ЈЕС проектот на УСАИД, во кој се дефинирани целите и активностите што треба да се реализираат за имплементација на системот за кариерно советување и насочување на учениците. Согласно овој меморандум, започнат е циклус обуки за кариерни советници во средните училишта, меѓу кои и во СУГС „Кочо Рацин“.
Во СУГС „Кочо Рацин“ проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа ЈЕС) се реализира и во текот на учебната 2013/2014 година, а како втора фаза на проектот, е проектот „Советување за кариера“ којшто започна со реализација во учебната 2013/2014 год. Целта на проектот е да ги оспособи учениците на секоја возраст и во секоја животна ситуација да прават пресек на своите вештини, компетенции и интереси, да донесуваат одлуки во поглед на нивното образование, обука и занимање; да ги оспособи учениците сами да управуваат со својот животен пат и кариера во текот на образованието, работата и други ситуации во кои ќе ги стекнуваат или применуваат своите вештини и компетенции. Во рамките на овој проект, во кој учествуваше избраниот тим од СУГС „Кочо Рацин“: директор, педагог и двајца предметни наставници, дефинирани се следниве интервениции:
- Изработка на програма за обука и соодветни прирачници и упатства за обука, со цел тимот да се оспособи за кариерно советување;
- Обука на тимот за практични советодавни услуги за кариера и професионална ориентација на учениците во училиштето;
- Дефинирање на компетенциите на советникот за кариера;
- Примена на стандардите за советници за кариера и акредитација на сертифицирани советници за кариера;
Изработка на Програма за обука на советници за кариера
Со цел да се зајакнуваат врските меѓу потребите на пазарот на трудот и вештините стекнати низ образовниот систем; зајакнување на улогата и функционирање на кариерните центри, воспоставување на систем за кариерно советување, планирање на сопствената кариера, самопроценка на вештини, способности и интереси, активно барање на работа и сл., во текот на учебната година ќе продолжи реализацијата на обуките за наставниците кои се дел од училишниот тим на овој проект. Сите наставници кои ќе ја завршат обуката, ќе се стекнат со правото да ја имплементираат програмата за слободните часови на учениците „Планирање на кариера“ која официјално е усвоена од Центарот за стручно образование и обука, наменета за учениците од втора година, за сите струки и образовни профили, со реализација од 72 часа годишно, или 2 часа неделно. Програмата ќе се реализира надвор од неделниот распоред на часови, но со утврден распоред, со дозволена хетерогеност по струки и профили, а хомогеност по возраст, преку интерактивни методи и современи техники за работа. Наставниците што нема да ја имплементираат програмата преку слободни часови, ќе интегрираат содржини од програмата од методска гледна точка во предметите што ги предаваат. Училиштето, во рамките на стручното образование, со овој проект има можност во текот на учебната 2020/21 година да формира најмалку една група ученици од втора година што ќе ја следи програмата „Планирање на кариера“ во рамки на слободните часови. Во гимназиското образование, имплементацијата ќе се одвива преку интегрирање на содржините во постоечките предмети. Програмата се заснова на основните компетенции, кои треба да ги поседуваат советниците за кариера за да можат да даваат кариерни услуги на учениците, составена од следниве 6 модули: Воведен модул за кариерно советување; Планирање на кариерата; Индивидуално и групно советување; Кариерно советување во училиштето; Кариерно информирање и пазар на труд; и Различности и етички норми при советувањето.