ГОДИШЕН ПЛАН НА ПРОЕКТОТ ОД УСАИД ЗА „МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОД.

Во учебната 2020/2021 година продолжува реализацијата на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (МИО), којашто започна со реализација во 2013/2014 година, со цел да се согледа потребата за соработка меѓу училиштата со различен етнички состав, потребата за заедничко планирање, организирање и реализација на училишните активности, односно редовната настава, воннаставните активности и целокупната училишна атмосфера и опкружување. За таа цел, во училиштето се формира тим за интеграција кој ќе биде одговорен за реализација на предвидените активности.

Годишен акционен план во учебната 2020/2021 година:

Очекуван резултат 1: Зголемени активности за меѓуетничка интеграција (наставни и воннаставни), како составен дел од годишната програма за работа на училиштата 

 

 

Опис на активноста

Одговорни институции

Временска рамка

Индикатори

Ресурси

Поддршка и следење

1.1.   

Годишно планирање за МИО на ниво на училиште, средба на тимовите за изработка на акциски план, планирање на МИО активности во програмите за работа на УО, стручната служба, ученичката заедница, стручните активи и начинот на реализација на истите)

СУГС „Кочо Рацин“, турските паралелки од СУГС „Јосип Броз Тито“ и други училишта на Град Скопје

Септември

Изработен акциски план за МИО активности на ниво на училиште како составен дел на ГП

Човечки

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата

1.2.

Планирање и реализација на заеднички наставни часови во редовна настава по наставните предмети: Практична настава, Спорт и спортски активности, Музичка култура, Ликовна уметност, Странски јазик, Информатика, Слободни часови/Проектни активности (фузирање на минимум 2 паралелки во секоја наставна година кои заеднички ќе ја следат наставата по одреден наставен предмет). (Реализацијата на заедничките часови се планира да биде минимум 50 проценти од вкупниот годишен фонд по  конкретниот предмет)

СУГС „Кочо Рацин“ и турските паралелки од СУГС „Јосип Броз Тито“

Септември 2020 – Мај 2021

Реализирани заеднички часови, изготвени заеднички планирања, извештаи

Човечки и матери-јални

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата, БРО; ЦСОО

1.3.

Планирање и реализација на заеднички наставни часови по други наставни предмети  (наставниците имаат задача да реализираат минимум 2 заеднички часа годишно)

СУГС „Кочо Рацин“  и турските паралелки од СУГС „Јосип Броз Тито“

Септември 2020 -Мај 2021

Реализирани заеднички часови, изготвени заеднички планирања, извештаи

Човечки и матери-јални

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата

1.4.

Отворени заеднички часови со можност останатите наставници да ги посетат заедничките часови и да видат на кој начин нивните колеги ги реализираат овие часови, кои техники и методи на предавање ги користат и сл.

СУГС „Кочо Рацин“  и турските паралелки од СУГС „Јосип Броз Тито“

Ноември – Декември 2020

Реализирани отворени часови, изготвени заеднички планирања, извештаи

Човечки и матери-јални

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата

1.5.

Мултиетнички интегрирани секции (спротски, драмски, еко, фотографија и др.)

СУГС „Кочо Рацин“ и турските паралелки од СУГС „Јосип Броз Тито“

Март 2021

Реализирани активности,евиден-ција во дневник за работа на паралелка, извештај

Човечки и матери-јални

СИТ од училиштата

1.6.

Мултиетнички мешани хорови и музички групи

СУГС „Кочо Рацин“ и турските паралелки од СУГС „Јосип Броз Тито“

Февруари – Април 2021

Реализирани активности,евиден-ција во дневник за работа на паралелка, извештај

Човечки и матери-јални

Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштaта

1.7.

Формирање на интегрирани дебатни клубови на ниво на училиште

СУГС „Кочо Рацин“  и турските паралелки од СУГС „Јосип Броз Тито“

Октомври 2020 – Мај 2021

Реализирани на дебати на различни теми, извештаи

Човечки и матери-јални

СИТ од училиштата

1.8.

Заедничко одбележување на значајни датуми и личности

СУГС „Кочо Рацин“ и други училишта на Град Скопје

Декември 2020 – Мај 2021

Реализирани манифестации, извештаи, фотографии

Човечки, матери-јални, финан-сиски

Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштaта

1.9.

Учества во проекти

СУГС „Кочо Рацин“ и други училишта на Град Скопје

Октомври 2020 – Јуни 2021

Реализирани проекти, извештаи, фотографии, презентација на проектот

Човечки и матери-јални

СИТ од училиштата

1.10.

Мултикултурни и интеркултурни работилници, работилници за демократска партиципација, човекови права, права на детето, мировно образование

СУГС „Кочо Рацин“ и други училишта на Град Скопје

Ноември 2020 – Мај 2021

Подготовки за работилници, реализирани работилници, извештаи, фотографии, евалуациски листи

Човечки и матери-јални

Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштaта

1.11.

Организирани посети на интегрирани групи ученици на значајни културни и историски места и објекти, настани и манифестации

СУГС „Кочо Рацин“ и  други училишта на Град Скопје

Март 2021 – Мај 2021

Извештаи, фотографии

Човечки и финан-сиски

СИТ од училиштата

1.12.

Реализација на заеднички научни и истражувачки екскурзии

СУГС „Кочо Рацин“ и други училишта на Град Скопје

Март 2021 – Мај 2021

Извештаи, фотографии

Човечки и финан-сиски

Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштaта

Очекуван резултат 2: Град Скопје и средните училишта – партнери во реализација на заеднички проекти и организација на настани од интерес на заедницата кои промовираат меѓуетничка интеграција

 

Опис на активноста

Одговорни институции

Временска рамка

Индикатори

Ресурси

Поддршка и следење

2.1.

Учество на младинска отворена дебата на ниво на средни училишта на Град Скопје

СУГС „Кочо Рацин“ и други училишта на Град Скопје

Октомври 2020 – Мај 2021

Извештаи, фотографии

Човечки и матери-јални

СИТ од училиштата Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштaта

2.2.

Презентација за најдобри практики за МИО

СУГС „Кочо Рацин“ и други училишта на Град Скопје

Октомври 2020

Извештаи, фотографии

Човечки, матери-јални, финан-сиски

СИТ од училиштата Комисија за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштaта

2.3.

Еко, волонтерски и хуманитарни активности

СУГС „Кочо Рацин“ и други училишта на Град Скопје

Декември 2020 – Март 2021

Извештаи, фотографии

Човечки, матери-јални, финан-сиски

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во училиштата

Локална заедница

Бизнис заедница

2.4.

Посета на Советот на  Град Скопје (ученичка заедница, претставници од СИТ за промоција)

СУГС „Кочо Рацин“и турските паралелки од СУГС „Јосип Броз Тито“

Март 2021

Извештаи, фотографии

Човечки

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во училиштата

2.5.

Поттикнување на младински иницијативи од страна на училишната  заедница

СУГС „Кочо Рацин“ и други училишта на Град Скопје претставни-ци од МИМО проект, МЦГО

 

Октомври 2020 – Мај 2021

Реализирани младински акции, извештаи,фотографии

Човечки, матери-јални

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во училиштата

Локална заедница

Бизнис заедница

2.6.

Денови на интеркултура (изложба на фотографии, музички настани, поетски читања, хуманитарни акции, спортски турнири, креативни работилници)

СУГС „Кочо Рацин“

Град Скопје и други училишта на Град Скопје

Ноември 2020 – Мај 2021

Реализирани денови на интеркултура

Човечки, матери-јални, финан-сиски

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во училиштата

Локална заедница

Бизнис заедница

Очекуван резултат 3: Подобрено изучување на јазиците на припадниците на заедниците

 

 

Опис на активноста

Одговорни институции

Временска рамка

Индикатори

Ресурси

Поддршка и следење

3.1.

Зборувам на јазикот на мојот другар (курсеви за изучување на јазикот на “другиот“ наменети за ученици и наставници)

СУГС „Кочо Рацин“ и турските паралелки од СУГС „Јосип Броз Тито“

Ноември 2020 – Мај 2021

Реализирани курсеви,број на наставници и ученици кои ги посетиле курсевите

Човечки, матери-јални, финан-сиски

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во СУГС

 

Очекуван резултат 4: Подобрена училишна клима за меѓуетничка интеграција-сензибилизиран наставно-стручен кадар

 

 

Опис на активноста

Одговорни институции

Временска рамка

Индикатори

Ресурси

Поддршка и следење

4.1.

Учество на обуки на наставен/стручен кадар, УО, СР за планирање и реализација на МИО активности

СУГС „Кочо Рацин“ , Град Скопје, претставни-ци од МИМО проект, МЦГО, БРО, ЦСОО

 

Јануари – Февруари 2021

Реализирани обуки, извештаи

Човечки, матери-јални

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во училиштата

 

4.2.

Учество на наставен кадар, ученици и родители на тркалезна маса за придобивките и постигнувањата од активностите за МИМО во организација на Град Скопје

СУГС „Кочо Рацин“ , Град Скопје, претставни-ци од МИМО проект, МЦГО, БРО, ЦСОО

 

Јануари – Февруари 2021

Извештаи, фотографии

Човечки, матери-јални, финан-сиски

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во училиштата

претставници од МИМО проект, МЦГО, БРО, ЦСОО

4.3.

Учество на конкурс за грантови за поддршка на активности за МИМО

СУГС „Кочо Рацин“ и училиште во кое наставата се следи на два или повеќе наставни јазици,

МОН, МЦГО, ОБСЕ

Септември 2020 – Мај 2021

Број на добиени грантови

Човечки

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во училиштата

 

4.4.

Учество на обуки за наставници за подготовка и реализација на заеднички часови

СУГС „Кочо Рацин“,

Град Скопје, претставни-ци од МИМО проект, МЦГО, БРО, ЦСОО

 

Октомври 2020 – Април 2021

Број на обучени наставници

Човечки, матери-јални,  финан-сиски

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во училиштата

претставници од МИМО проект, МЦГО, БРО, ЦСОО

4.5.

Учество на обуки за директорите на средните училишта, со цел подобрување на нивните вештини за управување и раководење на процесот за МИМО во нивното училиште

СУГС „Кочо Рацин“,

Град Скопје, претставни-ци од МИМО проект, МЦГО, БРО, ЦСОО

 

Јануари – Февруари 2021

Број на обучени наставници

Човечки, матери-јални, финан-сиски

СИТ од училиштата

Комисија за унапредување на меѓуетничка интеграција во училиштата

претставници од МИМО проект, МЦГО, БРО, ЦСОО

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ „СОВЕТУВАЊЕ ЗА КАРИЕРА“ со поддршка на проектот „МЛАДИНСКА МРЕЖА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ“ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОД.

Во текот на учебната 2020/2021 година, училиштето ќе продолжи со учество во реализација на Проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа ЈЕС) воспоставувајќи тесна соработка со сите партнери на проектот, стручниот тим и одговорните лица на Секторот за образование на град Скопје. Целта на проектот Мрежа ЈЕС е да ги зајакне вештините за вработување кај средношколците. Проектот стимулира директна соработка меѓу учениците, наставниците, вработените во центрите за вработување и членовите на невладини организации кои работат со младите во оваа област. Имплементацијата на проектот во текот на учебната година ќе се одвива преку интегрирање на содржините во постоечките предмети и проектни активности.

Работа на Центарот за кариера

Со поддршка на проектот опремен е кариерен центар со нов мебел, ИТ опрема и соодветна литература. Подготвителните активности за опремувањето на кариерниот центар започнаа во текот на месец декември 2013 година. Во текот на учебната 2020/21 година, кариерниот центар ќе работи на реализирање и остварување на предвидениот акциски план, како и реализација на активности за поврзување на училиштето со други организации. Во оваа насока предвидени се обуки на наставниците – идни советници за кариера и членовите на стручните служби и професионално усовршување на наставниците од практична настава преку обуки кај работодавачите кои ќе им помагаат на учениците во изборот на нивната кариера. Исто така, предвидени се различни активности за кариерно информирање и образување на учениците, но и активности за кариерно советување кои ќе се реализираат индивидуално и групно.

Годишен акционен план за работа на Кариерниот центар во учебната 2020/2021 год.:

  ЦЕЛ: 1 Промоција на Кариерниот Центар
Р.бр. Планирани Активности Временска рамка Ресурси Одговорна личност-наставници Резултат (што се очекува)
1 Изработка на промотивен материјал 09.2020 Хартија, принтер, тонер, компјутер Филип Ф., Петре Г. Учениците се запознати со К.Ц.
2 Организација на самата промоција 10.2020 Просторија, проектор, озвучување Филип Ф., Петре Г.  Побуден е интерес за К.Ц.
3 Панел дискусија за серија активности во училиштето (Спортски активности, серија еколошки содржини, останати натпревари) 11.2020 Хартија, принтер, тонер, компјутер Филип Ф., Петре Г., Роберт Н. Афирмација на К.Ц.
  ЦЕЛ:2 Избор на волонтери за Кариерниот Центар
Р.бр. Планирани Активности Временска рамка Ресурси Одговорна личност-наставници Резултат (што се очекува)
1 Објавување на конкурс за волонтери за Кариерен Центар 12.2020 Хартија, принтер, тонер, компјутер Дејана К. Поголем број на апликации на кандидати
2 Собирање и обработка на пријавените апликации 01.2021 Класер Дејана К. Прва селекција на пријавените кандидати
3 Интервју 01.2021 Просторија Петре Г., Дејана К. Втора селекција на пријавените кандидати
4 Избор 01.2021 Просторија Филип Ф., Петре Г. Дејана К. Конечен избор на волонтери
ЦЕЛ: 3 Организирање на обука за барање работа
1 Изработка на С.V. и придружно писмо 03.2021 Хартија, принтер, тонер, компјутер Маја Т., Емилија С., Изработка на С.V. и придружно писмо
2 Барање на информации за вработување 03.2021 Компјутер, Интернет, Весници Маја Т., Емилија С., Барање на информации за вработување
3 Составување на портфолио за кариера 03.2021 Просторија Маја Т., Емилија С., Составување на портфолио за кариера
4 Техники за интервју за работа 04.2021 Просторија Маја Т., Емилија С., Техники за интервју за работа
  ЦЕЛ 4: Совладување на финансиски вештини – штедење
Р.бр. Планирани Активности Временска рамка Ресурси Одговорна личност-наставници Резултат (што се очекува)
1 Водење дневник за трошоци за време од две недели 04.2021 Тефтер Петре Г., Емилија С., Водење дневник за трошоци за време од две недели
2 Видео презентација на нерационално трошење пари 05.2021 Проектор, компјутер Петре Г., Емилија С., Видео презентација на нерациона-лно трошење пари
3 Конкурс за најдобар есеј на тема “Како да заштедам пари” 05.2021 Хартија Петре Г., Емилија С., Конкурс за најдобар есеј на тема “Како да заштедам пари”
  ЦЕЛ 5: Подготвување на воннаставни активности и интерактивни работилници по повод патрониот празник на училиштето
Р.бр. Планирани Активности Временска рамка Ресурси Одговорна личност-наставници Резултат (што се очекува)
1 Литературни и ликовни работилници 10.2020 11.2020 12.2020 Хартија, Принтер, Компјутер, Телевизор, Материјали за цртање и боење Лилјана С., Анче М., Ивона В. Успешна реализација
2 Воннаставни активности и интерактивни работилници по одделни предмети 10.2020 11.2020 12.2020 Хартија, Принтер, Компјутер, Телевизор Предметните наставници Активни ученици и успешна реализација
3 Подготовки за патрониот празник 10.2020 Хартија, Принтер, Компјутер, Телевизор Јасмина С.У., Анче М., Лилјана С, Соња З., Емилија С., Ивона В., Зорица С. В. Успешно организиран патронен празник
  ЦЕЛ 6: Развој на математичко – логичко размислување
Р.бр. Планирани Активности Временска рамка Ресурси Одговорна личност-наставници Резултат (што се очекува)
1 Математичка работилница 10.2020 Хартија, Компјутер, Принтер Дејана К., Натали П. Учениците да научат да решаваат комплексни математички задачи
2 Турнир во местење (составување) на Рубикова коцка 03.2021 Проектор, компјутер Дејана К., Натали П. Избор на најбрзите тројца ученици
3 Тестирање – „Само-евалуација“ 04.2021 Хартија Петре Г., Маја Т., Сафета Ц., Ана С. Јаки и послаби страни, само-проценување, само-оценување, со какви карактерни вештини учениците располагаат
4 Спроведување на тест за интелигенција 05.2021 Петре Г., Маја Т., Сафета Ц. Избор на најинтелиге-нтниот ученик

Програма за Подготовка за вработување и работа

Со цел да се подобрат вештините за вработување кај учениците, во текот на учебната година ќе продолжи реализацијата на обуките за наставниците кои се дел од училишните тимови на овој проект. Сите наставници кои ќе ја завршат обуката, ќе се стекнат со правото да ја имплементираат програмата за слободните часови на учениците „Подготовка за вработување и работа“ која официјално е усвоена од Центарот за стручно образование и обука, во рамки од трета година. Наставниците што нема да ја имплементираат програмата преку слободни часови, ќе интегрираат содржини од програмата од методска гледна точка во предметите што ги предаваат (пр. тимска работа, комуникациски вештини, безбедност при работа итн.). Училиштето, во рамки на стручното образование, со овој проект во текот на учебната 2020/21 година може да формира најмалку една група ученици од трета година што ќе ја следи програмата „Подготовка за вработување и работа во рамки на слободните часови“, „Учење преку работа“ во четврта година како и во практичната настава и „Планирање на кариера“ во втора година. Во гимназиското образование, имплементацијата се одвива преку интегрирање на содржините во постоечките предмети и проектните активности.

Програма за учење преку работа

Со цел да се подобри практичната настава и работата во компаниите, во текот на учебната 2013/14 година, започна обуката на наставници од стручното образование за програмата „Учење преку работа“. Оваа програма понатаму се развива преку вклучување на учениците од четврта година стручно образование со цел на истите да им овозможи соодветно работно искуство.

Со цел воспоставување на одржлив систем за кариерно советување и насочување на учениците, Министерството за образование и наука, со поддршка на проектот на УСАИД  „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа ЈЕС), започна со иницијатива за отварање на кариерни центри и едукација на кариерни советници во средните училишта во РМ. За таа цел, на 01.08.2012 година, потпишан е Меморандум за соработка  меѓу МОН и Мрежа ЈЕС проектот на УСАИД, во кој се дефинирани целите и активностите што треба да се реализираат за имплементација на системот за кариерно советување и насочување на учениците. Согласно овој меморандум, започнат е циклус обуки за кариерни советници во средните училишта, меѓу кои и во СУГС „Кочо Рацин“.

 Во СУГС „Кочо Рацин“ проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа ЈЕС) се реализира и во текот на учебната 2013/2014 година, а како втора фаза на проектот, е проектот „Советување за кариера“ којшто започна со реализација во учебната 2013/2014 год. Целта на проектот е да ги оспособи учениците на секоја возраст и во секоја животна ситуација да прават пресек на своите вештини, компетенции и интереси, да донесуваат одлуки во поглед на нивното образование, обука и занимање; да ги оспособи учениците сами да управуваат со својот животен пат и кариера во текот на образованието, работата и други ситуации во кои ќе ги стекнуваат или применуваат своите вештини и компетенции. Во рамките на овој проект, во кој учествуваше избраниот тим од СУГС „Кочо Рацин“: директор, педагог и двајца предметни наставници, дефинирани се следниве интервениции:

  • Изработка на програма за обука и соодветни прирачници и упатства за обука, со цел тимот да се оспособи за кариерно советување;
  • Обука на тимот за практични советодавни услуги за кариера и професионална ориентација на учениците во училиштето;
  • Дефинирање на компетенциите на советникот за кариера;
  • Примена на стандардите за советници за кариера и акредитација на сертифицирани советници за кариера;

Изработка на Програма за обука на советници за кариера

Со цел да се зајакнуваат врските меѓу потребите на пазарот на трудот и вештините стекнати низ образовниот систем; зајакнување на улогата и функционирање на кариерните центри, воспоставување на систем за кариерно советување, планирање на сопствената кариера, самопроценка на вештини, способности и интереси, активно барање на работа и сл., во текот на учебната година ќе продолжи реализацијата на обуките за наставниците кои се дел од училишниот тим на овој проект. Сите наставници кои ќе ја завршат обуката, ќе се стекнат со правото да ја имплементираат програмата за слободните часови на учениците „Планирање на кариера“ која официјално е усвоена од Центарот за стручно образование и обука, наменета за учениците од втора година, за сите струки и образовни профили, со реализација од 72 часа годишно, или 2 часа неделно. Програмата ќе се реализира надвор од неделниот распоред на часови, но со утврден распоред, со дозволена хетерогеност по струки и профили, а хомогеност по возраст, преку интерактивни методи и современи техники за работа. Наставниците што нема да ја имплементираат програмата преку слободни часови, ќе интегрираат содржини од програмата од методска гледна точка во предметите што ги предаваат. Училиштето, во рамките на стручното образование, со овој проект има можност во текот на учебната 2020/21 година да формира најмалку една група ученици од втора година што ќе ја следи програмата „Планирање на кариера“ во рамки на слободните часови. Во гимназиското образование, имплементацијата ќе се одвива преку интегрирање на содржините во постоечките предмети. Програмата се заснова на основните компетенции, кои треба да ги поседуваат советниците за кариера за да можат да даваат кариерни услуги на учениците, составена од следниве 6 модули: Воведен модул за кариерно советување; Планирање на кариерата; Индивидуално и групно советување; Кариерно советување во училиштето; Кариерно информирање и пазар на труд; и Различности и етички норми при советувањето.

ПРОГРАМА ЗА „ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ” ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОД.

I ЕКО-СТАНДАРД: ЕНЕРГИЈА

Полиса: Рационално користење на електричната и топлинската енергија во училишната зграда.

Цел: Намалување на потрошувачката на електрична и топлинската енергија за 15% во споредба со претходната година.

Точки на акција Содржина Време на реализација Одговорни лица Постигнати резултати/индикатори
Користење на енергетско штедливи светилки и нивна замена каде што има потреба -Намалување на потрошувачката на електрична енергија за 15 % во споредба со минатата учебна година август 2020-октомври 2021 Членови на еко одбор на училиштето, Професор по географија -Подготвен план за поставување на нови штедливи светилки (изработка на спецификација) -Прифатена понуда за набавка на нови штедливи светилки -10 поставени нови штедливи светилки во училишната зграда
План за намалена потрошувачка на изворите за греење -Користење на различни извори на греење -Утврдување на својствата на загадување на животната средина -Примена на различни извори на енергија октомври 2020– 3 недела Членови на еко одбор на училиштето -Подготвена нова анализа на можностите на зградата за користење на различни извори на греење -Набавка на различни извори на енергија
Истакнување на нови упатства за рационално користење на електрична и топлинска енергија Обработка на податоци: -сметки за потрошена електрична енергија -Споредба на истите -Графички приказ на резултатите септември 2020 Членови на еко одбор на училиштето -Изработени нови дизајнирани упатства за рационално користење на електрична и топлинска енергија во училиштето
Формирање на еко-патроли на училиштето Следење, надгледување и контролирање на процесот на имплементација на овие активности октомври 202 ученици -Изработен план на активности за еко патролите -Пополнети контролни листови и извештаи на еко патролите

II ЕКО-СТАНДАРД: ВОДА

Полиса: Рационално користење на водата во училишната зграда и двор.

Цел: Намалување на потрошувачката на вода за 15% во споредба со претходната година.

Точка на акција Содржина Време на реализација Одговорни лица Постигнати резултати/индикатори
Исправна водоводната инсталација Обработка на податоци: -Прибирање на сметки -Споредба на истите -Графички приказ на резултатите мај 2021 Членови на еко одбор на училиштето, Професор по физика -Анализа на постоечката водоводна инсталација (функционалност на цевки, славини, казанчиња и чешми) -Изработен план за одржување на водоводната инсталација
Поставување и одржување на штедливи тоалетни казанчиња Обработка на податоци: -Прибирање на сметки -Споредба на истите септември 2020-декември 2020 Членови на еко одбор на училиштето, Професор по хемија -План за поставување на штедливи тоалетни казанчиња -Понуда за набавка и поставување на штедливи тоалетни казанчиња -4 поставени штедливи тоалетни казанчиња
Поставување и одржување на штедливи чешми Обработка на податоци: -Прибирање на сметки -Споредба на истите септември 2020-декември 2020 Членови на еко одбор на училиштето, Професор по математика -План за поставување на штедливи чешми -Понуда за набавка и поставување на штедливи чешми -4 поставени штедливи чешми
Поставување и одржување на систем за користење на техничка вода за наводнување -Истражување за еколошки проблем април 2021 – мај 2021 Членови на еко одбор на училиштето -Анализа на можностите на училиштето за користење на различни системи за обезбедување на техничка вода (систем капка по капка, собирање дождовница и сл.) -План за поставување на систем за обезбедување на техничка вода
Изработка на план за рационално користење на водата -Истражување за еколошки проблем јануари 2021 – април 2021 Членови на еко одбор на училиштето -Анализа на потрошувачката на вода во зградата (тоалети, кујна, училници, двор и др.) -План со активности за намалување на потрошувачката и рационално користење на водата на годишно ниво
Истакнување на нови упатства за рационално користење на водата -Истражување за еколошки проблем -својства и значење септември 2020 април 2021 – мај 2021 Членови на еко одбор на училиштето, Професор по Географија -Изработени дизајнирани нови упатства за рационално користење на водата во училиштето -10 поставени нови упатства за рационално користење на водата
Формирање на еко-патроли на училиштето Следење, надгледување и контролирање на процесот на имплементација на овие активности април 2020 – мај 2020 Ученици -10 ученици учесници во еко патроли -План на активности за еко патролите -Пополнети контролни листови и извештаи на еко патролите

III ЕКО-СТАНДАРД: УРЕДЕН И ЕКОЛОШКИ ДВОР

Полиса: Еколошки и функционално уреден двор кој е безбеден и пристапен за сите.

Цел: Функционално уреден двор според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите кои престојуваат во училиштето.

Точка на акција Содржина Време на реализација Одговорни лица Постигнати резултати/индикатори
Хортикултурно уредување на дворот Фотосинтеза: -Поим и значење Истражување за еколошки проблем – изработка на ѕидни композиции; октомври – 4 недела 2020 април – мај 2021 Членови на еко одбор на училиштето Професор по Биологија Ликовна уметност -План за одржување на хортикултурата и дрвјата во дворот (кастрење, потхранување, наводнување и сл.) -Понуда за набавка на нови растенија за уредување на дворот -10 засадени растенија за уредување на дворот
Редовно одржување на зелените површини и хортикултурата во дворот Истражување за еколошки проблем април 2021 – мај 2021 Членови на еко одбор на училиштето Професор по Биологија, Ликовна уметност -План со активности за редовно одржување на дворот, урбаната опрема, игралиштата и, хортикултурата -Организирање акции за одржување на дворот, урбаната опрема, игралиштата и хортикултурата -Реализирани 5 акции за одржување на дворот, урбаната опрема, игралиштата и, хортикултурата
Истакнување на нови упатства за одржување на училишниот двор – Компјутерска графика и презентација февруари 2021 – јуни 2021 Професор по Информатика -Изработка на нови дизајнирани упатства за одржување на дворот -10 поставени упатства за одржување на дворот
Формирање на еко-патроли на училиштето Следење, надгледување и контролирање на процесот на имплементација на овие активности март 2021 – мај 2021 Ученици -10 ученици учесници во еко патроли -План на активности за еко патролите -Пополнети контролни листови и извештаи на еко патролите

IV ЕКО-СТАНДАРД: ВНАТРЕШНА СРЕДИНА

Полиса: Здрава и чиста внатрешна средина за учење и работење.

Цел: Обезбедување на здрави услови за учење и работење во училиштето.

Точка на акција Содржина Време на реализација Одговорни лица Постигнати резултати/индикатори
Чистење на училиштето со еколошки или нетоксични средства за дезинфекција Средства за перење: -добивање својства и состав -значење и употреба Во текот на целата година Професор по Хемија -Набавени еколошки и нетоксични средства за одржување хигиена и дезинфекција
План за редовно одржување на хигиената во зградата и дезинфекција на истата -Редовно чистење -Редовно користење на средства за перење септември 2020 Членови на еко одбор на училиштето -Изработен план за одржување на хигиената и дезинфекција во училиштето
Поставување на нови упатства за одржување на хигиената во зградата и дезинфекција на истата – Компјутерска графика и презентација октомври 2020 Професор по Информа-тика -Изработка на нови дизајнирани упатства за за одржување на хигиената во зградата и дезинфекција на истата -10 поставени упатства за одржување на хигиената во зградата и дезенфекција на истата -10 поставени упатства за ученици за одржување на лична хигиена и за преземање на мерки за заштита од вирусот КОВИД – 19
Разубавување на училишниот простор (училници, ходници) -Изработка на плакати; цртежи и слики, ѕидни композиции октомври 2020 – јуни 2021 Професор по Ликовна уметност -Изработен план за одржување на хигиената во училиштето
Формирање на еко-патроли на училиштето -Следење, надгледување и контролирање на процесот на имплементација на овие активности Септември 2020-јуни 2021 Членови на еко одбор на училиштето -10 ученици во еко патроли -План на активности за еко патролите -Пополнети контролни листови и извештаи на еко патролите
Ослободување од непотребните предмети во зградата (скршени клупи, саксии, вазни, табли, стари и исушени цвеќиња и сл.) -Истражување за еколошки проблем   октомври 2020 Членови на еко одбор на училиштето, Ученици -Извештај за бројот на отстранети непотребни предмети во зградата

V ЕКО-СТАНДАРД: ОТПАД

Полиса: Рециклирање на отпадот

Цел: Едукација за намалување на отпадот преку организирана селекција

Точка на акција Содржина Време на реализација Одговорни лица Постигнати резултати/индикатори
Поставување и одржување на нови корпи за селекција на отпад -Истражување за еколошки проблем -својства и значење септември 2020-мај 2021 Професор по Биологија, Хемија -5 поставени корпи за селекција на отпад (хартија/пластика/стакло/ /тетрапак/електронски отпад итн.)
Евиденција на собраниот отпад -Обработка на податоци септември 2020-мај 2021 Професор по Информатика -Документ/потврда за количина на собран отпад од овластена компанија за собирање на отпад (хартија/пластика/стакло/ тетрапак итн.)
Поставување на упатства за селекција на отпад на видно место – Компјутерска графика и презентација октомври 2020 Професор по Информатика -Изработени дизајнирани упатства за селекција на отпад -10 поставени упатства за селекција на отпад на видни места
Формирање на еко-патроли на училиштето Следење, надгледување и контролирање на процесот на имплементација на овие активности септември 2020-јуни 2021 Ученици -10 ученици учесници во еко патроли -План на активности за еко патролите -Пополнети контролни листови и извештаи на еко патролите
Воспоставување на пракса за собирање и донирање на храна -Истражување за еколошки проблем -својства и значење октомври  2020-мај 2021 Професор по Социологија -Направен план за собирање и донирање на храна -Назначени лица за воспоставување на праксата во училиштето

VI ЕКО-СТАНДАРД: ТРАНСПОРТ

Полиса: Здрава и чиста средина

Цел: Едукација и информирање за одржлив транспорт преку користење алтернативни превозни средства и поставување инфраструктура

Точка на акција Содржина Време на реализација Одговорни лица Постигнати резултати/индикатори
Одржување на зона за паркирање на велосипеди во училишниот двор -Поттикнување на праксата за користење велосипеди кај учениците и вработените септември 2020-мај 2021 Професор по Спорт и спортски активности -План за одржување на постоечките пристапни патеки (поправки, обележување и сл.). -План за поставување на нови пристапни патеки
Формирање на еко-патроли на училиштето Следење, надгледување и контролирање на процесот на имплементација на овие активности септември 2020-мај 2021 Ученици -10 ученици учесници во еко патроли -План на активности за еко патролите -Пополнети контролни листови и извештаи на еко патролите

Последниве четири табеларни прикази се дел од програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем” како дел од ЕКО-проектот  “Зелено училиште”. Во рамките на овој проект е формиран еко-одбор чии членови се наставници од училиштето, ученици, родители и претставници на локалната заедница. Тимот ќе биде задолжен за планирањето и за реализацијата на проектот.

Во учебната 2020-2021 година, ЕКО-клубот при СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје планира да продолжи со уредување на училишниот двор со неколку точки на акција за реализација на планот. Имено, останува приоритет соработката со Град Скопје, Општина Ѓорче Петров и ЈП „Паркови и зеленила“, да се интервенира во доуредување на хортикултурата во рамките на училишниот двор. Освен зголемување на дрвниот фонд, да се насадат и неколку видови на цвеќиња.

Се планира и организација на неколку активности по повод „Светски ден на планетата земја“. СУГС „Кочо Рацин“ –активно ќе учествува на трите светски дена. На едниот  се планира организирана работна акција за разубавување на училишниот двор и околината, на вториот се планира организирана работна акција како прва фаза и тркалезна маса за дискусија со учениците околу грижата за природата, а на третиот се планира организирано следење на краток документарен клип со дискусии од присутните и работна акција во склоп на училишниот двор. Се планира да се продолжи со учества на натпреварите за ЕКО-фотографии, „Trash-fashion“, како и изработка на мултимедијално видео за училиштето со ЕКО-тема.

Исто така, се планира реализација на една долгогодишна идеја за ЕКО-патрола со која би се помогнало не само на нашето училиште, туку и на локалната заедница, а во соработка со локалните институции: Општина Ѓорче Петров, Град Скопје, Ј.П. Паркови и зеленило, А.Д. Македонски шуми и сл.

Интерактивни работилници-заеднички дружења

Денес, имавме уште еден прекрасен ден од серијата “Интерактивни работилници-заеднички дружења” исполнет со многу убави моменти, весели и ведри ученици и насмеани професори. Денес, ни гостуваа учениците од ООУ “Тихомир Милошевски” и учениците од ООУ “Јоаким Крчоски”. Честитки до сите денешни учесници. Браво!

Continue reading