Спроведување на програмата Млади во циркуларна економија (Girls Go Circular)

Нашето училиште во соработка со ЏА Македонија со посредство на менторот проф. Петре Трајковски ја спроведе и програмата Млади во циркуларна економија (Girls Go Circular), развиена од Европскиот институт за информации и технологија и финансирана од Европската Унија. Програмата започна да се спроведува во 2020 година и од оваа учебна година ќе се реализира во 34 земји во Европа.
Oвој проект има за цел да обучи најмалку 40.000 девојчиња на возраст од 14 до 19 години преку онлајн програми за учење за циркуларна економија, дигитални и претприемнички вештини.

Натпревари по Англиски јазик на ЕЛТАМ МК во 2023 година

Во пресрет на престојниот училиштен натпревар по Англиски јазик кој ќе се одржи во вторник (20.02.2024), се потсетуваме на минатогодишните победници, но и на успесите кои нашите ученици ги постигнаа на акредитираните натпревари по Англиски јазик на ЕЛТАМ МК во 2023 година.
Училишниот натпревар минатата година се одржа на 13.02.2023 и во него учество зедоа вкупно дваесет и шест ученици од прва, втора и трета година од гимназиско образование, текстилно-кожарската струка и економско-правната и трговска струка.
Во натпреварот за прва година првите три места ги зазедоа:
1. Мартин Стојановски (ЕI-1)
2. Матеј Ѓорѓиевски (I-A)
3. Сара Николовска (I-A)
Во натпреварот за втора година најуспешни беа:
1. Хафса Јакупи (II-1)
2. Александра Митевска (II-Б)
3. Ангела Николовска (II-А)
Во натпреварот за трета година најуспешни беа:
1. Сара Манасиевска (III-A)
2. Ангела Николовска (III-Б)
3. Филип Василевски (III-A)
Првопласираните два ученика од секоја година добија можност да го претставуваат СУГС „Кочо Рацин“ на натпреварите на ЕЛТАМ.
Општинскиот натпревар се одржа на 18.03.2023 во просториите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а три наши ученички го поминаа овој филтер и се пласираа на регионалниот натпревар: Хафса Јакупи (II-1) и Александра Митевска (II-Б) освоија трети награди, а Ангела Николовска (III-Б) втора награда.
Регионалниот натпревар се одржа на 08.04.2023 во СУГС „Никола Карев“. Пласман на државното натпреварување обезбедија Александра и Ангела со освоени трети награди, а Хафса со освоени 66 поени за малку не успеа да им се придружи на државниот натпревар.
Државниот натпревар се одржа на 06.05.2023 во СУГС „Никола Карев“. Во натпреварот за втора година, Александра Митевска го оствари досега најголемиот успех на нашето училиште на ЕЛТАМ натпреварите освојувајќи го третото место со 97 поени во конкуренција на 93 ученици од цела Македонија. Во натпреварот за трета година Ангела Николовска освои 62 поени.
Се надеваме дека оваа година повторно ќе имаме голема заинтересираност пред се за училишниот натпревар, а на оние ученици кои ќе го претставуваат училиштето на натпреварите на ЕЛТАМ им посакуваме многу успех.

9 Мај – денот на Европа

9 Мај, денот опишан како ден кога падна фашизмот во Европа, 1945 г., или попознат како „Ден на Европа“. Пред спомен обележјето подигнато во чест на загинатите ѓорчепетровци кои се бореле против споменатата фашистичка идеологија и во која борба ги положиле своите животи, наши претставници на чело со директорката Blagica Pavlovska положија свежо цвеќе во нивна чест.

СЛАВА ИМ!!

СУГС “Кочо Рацин” и Еразмус+

Успешно реализирана практична обука – дел од проектот на нашето училиште СУГС “Кочо Рацин” и Еразмус + , на тема: „Studying European Fashion Trends in Wedding Dress Production”
…….УЧИМЕ И ПАТУВАМЕ…….
21 ден практична настава и обука на учениците од Текстилно-кожарска струка во МОДНОТО АТЕЛЈЕ ЗА ВЕНЧАНИЦИ И СВЕЧЕНА ОБЛЕКА “СИЈАНА” во Асеновград – БУГАРИЈА.
ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО ТИМОТ НА “СИЈАНА” што ни овозможија професионална обука и едно прекрасно доживување, до нашите партнери “Центар за Европски иницијативи” – Стара Загора, како и до нашите ученици кои макотрпно работеа со многу љубов.

Учебна 2021 / 2022 година

Почитувани идни и актуелни ученици, родители, пријатели, познаници. Во пресрет на новата учебна година апелираме уште еднаш на постоечките КОВИД мерки.

повеќе промотивни материјали и видеа на следниот линк :
http://cloud.ideaplus.mk/s/ry3r3H25MWeNqfR

Со почит,
ваш СУГС „ Кочо Рацин “ – Скопје