ИНТЕРЕН ОГЛАС За запишување ученици во прва година за учебната 2021/2022 година

Почитувани, во прилог ви го презентираме интерниот оглас за упис на ученици во I-ва година, за учебната 2021-2022 година.

Внатре се наоѓаат информации за кои профили се изучуваат, број на ученици, потребни документи, потребни бодови, како и дати за уписите.

 

Interen oglas za upis na ucenici za ucebnata 2021-2022

UPSHIFT младинска програма за иновативни решенија

Ментор : проф. Петре Трајковски

Во изминатите две години, преку UPSHIFT програмата, им овозможивме на младите да се вклучат во изнаоѓање на решенија за предизвиците со кои се соочуваат во своите заедници и да понудат иновативни решенија во вид на производи или услуги. Во самиот процес на развивање на идеите, со поддршка од менторите и со примена на современи алатки, се потикнува иновативно размислување и развој на претприемнички вештини.

Овој пат, отворивме нов повик за идентификување на проблеми кои се предизвикани или продлабочени како последица од кризата и развивање на решенија за истите. Предизвиците може да бидат од различни области: образование, дигитален јаз во учењето на далечина, намалена економска активност во погодени сектори (уметност, туризам, мали бизниси), зголемување на невработеноста, медиумска писменост (пристап до точни информации и проверени информации, борба против лажни вести), заштита на животната средина, намалување на загадувањето и слично.

За учество во програмата потребно е да се формира тим од 2-5 ученици на возраст од 13-19 години и да се пополни апликацијата најдоцна до 20 ноември 2020 година Учесниците на програмата имаат можност да:

• стекнат нови вештини и знаења кои се применливи во решавање на било каков проблем

• придонесат да се реши проблем во нивната заедница а и пошироко

• научат како да дизајнираат, развијат и спроведат идеја

• стекнат нови пријателства

• добијат можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја реализираат идејата.

Пандемијата нанесе огромни последици врз секој аспект од нашите животи, вклучувајќи ги образованието, економската стабилност, здравствената и социјалната грижа, како и менталното здравје и благосостојба. Овие последици директно и индиректно влијаат врз децата и младите кои се истовремено и најмногу погодени. Додека светот се справува со предизвиците од КОВИД-19 пандемијата, токму младите ширум светот предводат промени во своите заедници и нудат иновативни решенија.

Денес беше првиот ден од реализација на програмата каде тимовите на ученици учествуваа на работилници. Нашиот “тим 3” е тим составен од учениците од струката: економија, право и трговија кои достојно го претставија нашето училиште пред присутните со сопствена работа и презентирање на сработеното. На почетокот организаторот сподели со нас информации за настанот, потоа се обратија Директорот на UPSHIFT програмата и Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, и потоа добивме насоки како ќе работиме со што бевме поделени во групи (секој тим засебна група). НАШИОТ „ТИМ 3“ успешно ги заврши денешните предвидени задачи, како и презентации на истите низ повеќе сесии. Еве и дел од фотографиите :

 

         

Проект / Соработка со СУГС „Јосип Броз – Тито“

Продолжуваме со реализацијата на проектот „Активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во средните училишта” под менторство на проф. Драган Попоски заедно со учениците од СУГС „Јосип Броз Тито”.

Првата активност од проектот опфати 1+2 работилници. Претставување на учениците беше првиот дел и 2 работилници: „Мултикултурата низ призмата на современите општествени процеси” и втората работилница која се однесуваше на сегментот „Обичаите – мост за меѓуетничка соработка и соживот”.

Работилниците се реализираа он лајн, сите ученици покажаа посебен интерес, беа особено активни и до крај беа вклучени во работилниците. Големо браво за сите ??

I место – категорија Сликарство

Ученикот Маневски Илија од III б клас, добитник на I награда на ликовен конкурс за млади уметници „YOUNG ART 2020“. Настанот е организиран од Агенција за млади и спорт а добиената награда се однесува за категоријата 15-20 годишна возраст.

  • Поради пандемијата и мерките за претпазливост, резултатите се добиени по електронски пат.

СУГС „Кочо Рацин“ објавува конкурс за ученици во рамки на програмата ЕРАЗМУС +

Клучна акција 1:

Мобилности заради учење на поединци за учебната 2020/2021 година

Тема:

„Изучување на европските модни трендови во производство на свадбена облека“ (“Studying European fashion trends in wedding dress production”)

(во прилог документите потребни за пријавување и опис на проектот)
Краток опис на проектот; КОНКУРС ЗА УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС; SOGLASNOST_RODITEL; II.6-Annex-VET- Learning agreement_2020  и  02-Pupil-application-form

ПРЕПОРАКИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАВАТА ОД ДАЛЕЧИНА

  1.  Општи одредби

Препораките се однесуваат на сите јавни основни и средни училишта и се во насока да се поддржи реализација на ефективна и ефикасна онлајн настава, да се обезбеди етичко однесување на наставниците и учениците за време на реализација на наставата од далечина.

  1. Реализација на наставата од далечина
  • Сите наставни часови, по правило, се реализараат на МС Тимс, како средство за одржување на онлајн настава преку синхрона комуникација во рамки на Националната платформа за учење на далечина.
  • Учениците коишто имаат пристап до Интернет, наставата на далечина, освен на компјутер или лаптоп може да ја следат и на паметен уред или мобилен телефон.
  • За учениците коишто немаат компјутерска опрема, немаат пристап до Интернет или за учениците од социјално ранливите категории, училиштето треба да обезбеди пристап до наставните содржини во некоја друга форма којашто одговара на можностите на учениците (печатени материјали, ЦД и сл.).
  • Родителите/старателите се должни да го известат одделенскиот или класниот раководител за сите технички проблеми со пристапот до наставата на далечина.
  1. Правила на однесувања за време на онлајн наставата

3.1. Општи правила за онлајн наставата

  • Се препорачува сите камери да бидат вклучени за време на онлајн часот, освен доколку поради технички причини (слаба конекција или чести падови на истата) наставникот не наложи поинаку;
  • Микрофонот на учениците е потребно да биде исклучен за времетраењето на онлајн часот (опција “mute”), освен кога ученик одговара на поставено прашање од наставникот, поставува прашање заради нејаснотии поврзани со наставната материја во времето од часот кој ќе го определи наставникот.
  • Се препорачува одржување/следење на онлајн часовите на тивко место во домот, со оглед дека сите учесници на часот може да ги слушнат позадинските звуци кај оној кој зборува (шепотења и разговори, звуци од вклучен ТВ, лаење на домашни миленици и сл. звуци без оглед колку се тивки).
  • Не е дозволено снимање на онлајн часот од страна на наставниците или учениците.
  • За време на реализација на онлајн часовите се применуваат истите правила на однесување,како и на регуларните часови со физичко присуство во училиште и не се дозволени меѓусебни разговори за време на часот помеѓу учениците, преку вербална или електронска комуникација;

3.2. Присуство на онлајн часовите

  • Наставниците и учениците треба навремено да се приклучат на наставниот час согласно распоредот на часовите.
  • Присуството на онлајн часовите е задолжително, идентично како и при реализирање на наставата со физичко присуство во училиште.
  • Наставниците се задолжени да водат детална евиденција за присуството на учениците на секој онлајн час.
  • По правило, учесници на онлајн часот се наставникот и учениците од паралелката за кои е наменет часот.
  • Учениците немаат право да вклучуваат на онлајн часот други ученици од училиштето, односно ученици од друго училиште преку споделување на линкот за часот.

Секое постапување спротивно на точка 3.2. алинеја 1, 2, 3, 4 и 5 може да резултира со поведување и изречување на педагошки мерки во постапката утврдена во Правилнкот за педагошки мерки против ученикот, како и на други постапки пред надлежните органи.

  • Наставникот може да одстрани ученик од онлајн часот доколку ученикот:
    • на кој било начин го попречува одржувањето на часот;
    • се однесува недолично, вулгарно или дискриминирачки,
    • употребува непристојни зборови и/или вербално ги навредува останатите учесници на часот;
    • врши или поттикнува електронско насилство, постира коментари коишто може да се интерпретираат како навредливи, дискриминирачки или вознемирувачки, или испраќа електронски материјали со навредлива содржина кон останатите ученици и/или кон наставниците.
  • Во случај ученикот да е отстранет од онлајн часот поради некоја од наведените причини, истиот се евидентира дека е неоправдано отсутен од тој час, и против истиот може да биде поведена дисциплинска постапка и изрекување на педагошки мерки.
  1. Одговорности на наставниците и учениците при одржување на онлајн наставата
  • Наставниците и учениците, во рамките на секој онлајн час, треба да создадат атмосфера за успешна реализација на наставата и процесот на учење, како и за поттикнување на соработка и почитување на другите.
  • За време на онлајн часовите, наставниците и учениците треба да промовираат учечко-поучувачка ефективна комуникација која што ги вклучува сите. Учениците треба да се мотивирани и активно да учествуваат во виртуелната училница.
  • При реализација на наставата на далечина се почитуваат насоките дадени во Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта за определената учебна година, Упатството за реализација на наставата во учебната година и другите насоки дадени од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука.
  • Наставниците при реализација на наставата на далечина треба да користат современи дидактички стратегии, методи и техники.
  • При комбинираната настава (учење на далечина и настава со физичко присуство) наставниците треба да го испланираат наставниот час со активности за подеднакво учество на сите ученици.
  • За време на онлајн часот секој ученик треба да биде активно вклучен.
  • Наставниците треба да водат сметка за потребите на учениците со потешкотии во учењето кои за време на наставата на далечина работат според индивидуална образовна програма.
  • Не е дозволена намерна опструкција на наставните часови.
  • Се препорачува наставникот да ја води дискусијата, овозможувајќи им на учениците да коментираат и да поставуваат прашања.
  • Дискусиите на онлајн часовите треба да бидат во насока на процесот на учење, да бидат конструктивни, важни и добро артикулирани. Комуникацијата треба да се води со почит и да се користи културно и пристојно изразување.
  • За време на онлајн часовите учениците треба да избегнуваат теми и разговори коишто го попречуваат процесот на учење на останатите ученици.
  • Несоодветните говори, разговори и дискусии не се дозволени за време на наставниот час.
  • За време на формалните облици на комуникација, учениците и наставниците се должни да водат сметка и за неформалните облици на комуникација односно користење на правописните правила и во електорнската комуникација (на пр. пишувањето пораки и текст само со големи букви се смета за викање, бидејќи тие се користат во случај не предупредување или известување).
  • Без оглед на начинот на реализација на наставата (онлајн настава или со физичко присуство) секогаш мора да се почитува мислењето на другитe.
  • Наставниците треба да ги поттикнуваат учениците на критичка и аргументирана комуникација.
  • Не е дозволено испраќање електронски пораки и содржини односно оптеретување на комуникацијата со наставникот со ирелевентни содржини или теми коишто не се поврзани со наставата.
  • На учениците не им е дозволено да ги откриваат лозинките за пристап до апликациите и Платформата на другите ученици.
  • И наставниците и учениците треба да ја почитуваат доверливоста, односно да не се објавуваат, постираат и споделуваат лични информации, фотографии, видео и аудио материјали за себе и за другите.
  • На Платформата/МС Тимс не е дозволено поставување и споделување на неформална содржина од забавен карактер или пак содржина што не е наменета за едукација, како и интернет врски коишто не се однесуваат на наставата или пак водат до малициозни содржини.
  • При учењето на далечина се очекува учениците да бидат независни и самостојни, мотивирани, посветени и дисциплинирани.
  • Учениците не смеат да практикуваат препишување и лажно претставување за време на наставата на далечина со цел стекнување предности во однос на другите од аспект на оценување на постигањата на учениците.
  • Секое прекршување на авторските права се смета за лична одговорност на корисникот на Платформата/учењето на далечина.
  • Учениците се охрабруваат да напредуваат, да се грижат за себе и за другите.
  • Наставниците се должни да се грижат за здравјето на учениците (оптеретеност на видот и ‘рбетот на учениците) при работата со ИКТ уредите и во текот на наставата треба да предвидат одмор за раздвижување, релаксација на видот и подобрување на циркулацијата.
  1. 5. Завршни одредби

За почитување на Препораките се грижат директорите на училиштата.

Препораките се објавуваат на веб-страницата на училиштето и на јавниот портал на Националната платформата за учење на далечина.

 

24 ноември 2020 година                                          Министерство за образование и наука