Skip to content

Натпревари по Англиски јазик на ЕЛТАМ МК во 2023 година

Во пресрет на престојниот училиштен натпревар по Англиски јазик кој ќе се одржи во вторник (20.02.2024), се потсетуваме на минатогодишните победници, но и на успесите кои нашите ученици ги постигнаа на акредитираните натпревари по Англиски јазик на ЕЛТАМ МК во 2023 година.
Училишниот натпревар минатата година се одржа на 13.02.2023 и во него учество зедоа вкупно дваесет и шест ученици од прва, втора и трета година од гимназиско образование, текстилно-кожарската струка и економско-правната и трговска струка.
Во натпреварот за прва година првите три места ги зазедоа:
1. Мартин Стојановски (ЕI-1)
2. Матеј Ѓорѓиевски (I-A)
3. Сара Николовска (I-A)
Во натпреварот за втора година најуспешни беа:
1. Хафса Јакупи (II-1)
2. Александра Митевска (II-Б)
3. Ангела Николовска (II-А)
Во натпреварот за трета година најуспешни беа:
1. Сара Манасиевска (III-A)
2. Ангела Николовска (III-Б)
3. Филип Василевски (III-A)
Првопласираните два ученика од секоја година добија можност да го претставуваат СУГС „Кочо Рацин“ на натпреварите на ЕЛТАМ.
Општинскиот натпревар се одржа на 18.03.2023 во просториите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а три наши ученички го поминаа овој филтер и се пласираа на регионалниот натпревар: Хафса Јакупи (II-1) и Александра Митевска (II-Б) освоија трети награди, а Ангела Николовска (III-Б) втора награда.
Регионалниот натпревар се одржа на 08.04.2023 во СУГС „Никола Карев“. Пласман на државното натпреварување обезбедија Александра и Ангела со освоени трети награди, а Хафса со освоени 66 поени за малку не успеа да им се придружи на државниот натпревар.
Државниот натпревар се одржа на 06.05.2023 во СУГС „Никола Карев“. Во натпреварот за втора година, Александра Митевска го оствари досега најголемиот успех на нашето училиште на ЕЛТАМ натпреварите освојувајќи го третото место со 97 поени во конкуренција на 93 ученици од цела Македонија. Во натпреварот за трета година Ангела Николовска освои 62 поени.
Се надеваме дека оваа година повторно ќе имаме голема заинтересираност пред се за училишниот натпревар, а на оние ученици кои ќе го претставуваат училиштето на натпреварите на ЕЛТАМ им посакуваме многу успех.
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email