Во текот на учебната 2019 / 2020 год., кариерниот центар согласно програмата за работа беше активен во делот за соработка со учениците. Иако кариерниот центар, според програмата и план за работа, е наменет за учениците од Текстилно-кожарската струка и Економско-правната и трговска струка (стручната смена во училиштето), сепак според проценката на кариерниот советник, обврските се проширени и кон сите оние кои се заинтересирани од гимназиските паралелки за комуникација и соработка со кариерниот советник, а со тоа и со кариерниот центар.Генерално центарот беше ангажиран, како просторно така и за ресурси, за потребите на снимањето на ТВ емисијата „Ѕвон“ која се емитуваше на МТВ, како и за потребите на патронатот.
Во центарот за кариера, важно е да се напомене, дека кариерниот советник има учествувани на сите обуки за „Советување за кариера“ преку Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување и Град Скопје. Под надзор, координација и инволвираност на кариерниот советник, беа создадени по пат на пост-продукција, монтажа и режија промотивни видео клипови за потребите на училиштето, за потребите на емисиите и ревиите кои беа организирани (пр. TrashFashion, ревијата по повод патрониот празник и училишната ревија), кратки видео клипови за видео рекламирање и организација околу проектот за екологија, во организација на невладина институција ОХО и Здружението на граѓани Еко-Логик. Состаноците и деновите за работа се одвиваа согласно претходно утврдени и договорени термини меѓу учениците, одговорниот наставник и останатите професори. Во делот за екологијата, организирани беа серија предавања за значењето на здравата животна средина и како секој поединец има важна улога во општеството. Демонстрирани беа неколку видео материјали со содржина која ги опишува последиците од негрижатакон природата.
За тековната работа на центарот за кариера, генерално одговорен е кариерниот советник, но во негово отсуство одговорни се еден наставник и два ученика, кои во договор со кариерниот советник се менуваат во текот на една недела. Уште од самиот почеток на учебната 2019/20 година, кариерниот центар е во комуникација со нови ентузијасти кои треба да ги заменат улогите со учениците од предходната генерација.
Во период од 11.03.2020 год. до 10.06.2020 год., кариерниот советник, продолжи со комуникација и соработка со учениците користејќи ги средствата за електронска комуникација.