Рецитаторскиот клуб секоја учебна година активно го подготвува своето учество на приредбите за Патрониот празник. Стиховите од поетската збирка „Бели мугри“ на нашиот патрон, презентирани изразно и уметнички од  рецитаторите, придонесува за силно естетско доживување на поезијата на Кочо Рацин која и во современоста се доживува реалистично и уметнички доживеано.

 

Рецитаторскиот клуб исто така организира средби и поетски читања на поезија создадена од учениците. Па , би можело да се каже дека во рамките на Рецитаторскиот клуб постои и Поетскиот  клуб кој најчесто, во просториите на училишната библиотеката организира и средби со ученици, поети од другите средни и основни училишта.