ПРОЕКТИ

Во училиштето се организираат најразновидни воннаставни активности според интересите и афинитетите на учениците, кои им помагаат во нивниот личен и социјален и професионален развој.

Научно-истражувачки екскурзии

Во плановите за реализација на воспитно – образовниот процес, училиштето предвидува наставно – научни екскурзии, чија цел е практично усвојување на знаења од културата и општеството на народите, во земјата и пошироко. Во таа смисла, наставно – научните екскурзии одат во прилог на збогатување на стекнатите сознанија од различни области, поттикнување на критичкото мислење, но и развивање повисок степен на социјализација кај учениците.

Соработки

Училишта

Училиштето континуирано развива соработка со повеќе институции од разни области: образовни, културни, научни и стопански.