Во рамки на секцијата на економско- правната и трговска група предмети оваа година се реализираа многубројни проекти, државни натпревари, како и посета на компании во рамки на програмата за ,,Учење преку работа кај работодавач”. Нашата мисија е да создадеме такви компетенции кај нашите ученици кои ќе им помогнат тие полесно да се инволвираат на пазарот на трудот веднаш по завршувањето на средното образование. 

Економско-правната и трговска струка во нашето училиште изминативе 5 години покажува значителен успех и придонес во образованието кое го нуди нашето училиште, што резултира со зголемен интерес за упис во струката.